Тие што ја измислиле уште од 70-тие години , ја студирале и ја воведувале опцијата DRL за возилата се Скандинавските земји (Данска, Норвешка, Шветска) потоа Канада секако бидејќи и онаа се наоѓа во северниот дел на земјината топка кадешто половина од годината е речиси ноќе и обратно. После ова следува европска директива (Council Directive 70/156/EEC од 6 February 1970 година) и низа други директиви за да во 2008 година - последната која обврзува сите нови коли да се произведуваат со DRL опција , се на се крајното очекување беше да се намалат сообраќајките на европските патишта, но ЕУ виде дека со ова опција не се постигнува посакуваниот ефект и дека сообраќајките не се намалуваат и после ова опција во 2012 година деловно се укина должноста во ЕУ да се вози со дневни светла освен во деновите каде што има намалено водливост.....
Порано се возело дење без светла но бројот на сообраќајки бил далеку помал одколку па сега. Проблемот е во алкохолот, лошото здравје , лошиот вид, лошиот менталитет на возење , незнаењето на општите правила на сообраќајот, незаконското делење на лекарски уверениа и давање на возачки дозволи, неказнувањето на несовесните возачи-благите казни или селективното применување на казните....