Автор Тема: Фарови и осветлување  (Прочитано 479564 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #615 на: 04 Август 2015, 00:32:37 am »
нема да се предомислат... избори се ближат...

и фала курцу, им текна да го скинат тој глуп закон....

Одличен си беше законот.
Многу значи во безбедноста во соообраќајот да се вози со светла.


Ми се има десено при влез на главна улица да не приметам возило од едната страна, возило без светла, т.е. го приметив касно. Кога се вози со светла по прегледно е.



Комплетно се согласувам. Си има голема поента од аспект на прегледност и безбедност.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #616 на: 04 Август 2015, 10:54:59 am »
Sefe ja imam BMW 1, kaj mene kopceto e na auto, taka ja palam, se nivelira svetloto nagore nadole i ostanuva da vozi so sredno. E sea ako imas da predlozis nekoja driga opcija kazi.

Во зависност од опциите кои ги поседува модулот може да извршиме промена. Незнам кое годиште е возилото и кои опции ги има, се надевам може да се вклучи опцијата како кај мене. Кај мене не е со ауто мод, треба да проверам кај татко ми, кај него има ауто па да исчитам кои опции се достапни.

Како што веќе пишав, би требало и кај тебе да може да се подеси кога прекидачот за светла е во нулта позиција, по палење на возилото (не на контакт) да се запалат долгите со намален интензитет (кај мене е 20/40/60/80/100%). Може да се уклучат како дневни и магленките со намален интензитет, некои светла од задната светлосна група и страничните жмигавци (американ стајл :) ).

Јас откако ги исчитам можностите може да одбереме што сакаме.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #617 на: 04 Август 2015, 14:30:48 pm »
нема да се предомислат... избори се ближат...

и фала курцу, им текна да го скинат тој глуп закон....

Одличен си беше законот.
Многу значи во безбедноста во соообраќајот да се вози со светла.


Ми се има десено при влез на главна улица да не приметам возило од едната страна, возило без светла, т.е. го приметив касно. Кога се вози со светла по прегледно е.



Комплетно се согласувам. Си има голема поента од аспект на прегледност и безбедност.

баш утрово кога патував од кочани за скопје на патот штип - св. николе, сакав да претекнам возило, а од спротива од подалеку наидуваше друго возило кое беше со исклучени светла, многу потешко ми беше да утврдам дали возилото се движи према мене или во исто правец со мене без светла мислев задницата му ја гледам...

мислам дека е ок законот т.е. не се за џабе ставени тие DLR светла

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #618 на: 04 Август 2015, 14:41:12 pm »
Zakonot e ok za otvoreni patista, ama spored mene vo grad apsolutno nema potreba od svetla.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #619 на: 04 Август 2015, 15:33:08 pm »
Кога се донесе законот сите беа ПРОТИВ возењето со светла дење, сега кога (наводно) се укинува законот сите се ЗА возењето со светла дење ?!? (со ретки исклучоци)

Па дај одлучете се еднаш !!!

Впрочем мене ми е сосем нејасно, како една култивирана и авто-мото свесна заедница не коментира против употребата на пазарски ксенон, али експрес лед-шишарки и останати варијации на вана-би хај-енд светлосни системи со петпарачки и тотално небезбедни сијалички.

И не само тоа, туку како е возможно секоја втора кола во МК да има во некој облик неисправни (прегорени), недозволени (бит-пазар ксенон во југо фар), несоодветни (чајна лед во Н1/Н4/Н7 изведба) и останати варијации и имитации со колорирано стакло и скроз фалш изведба - и скоро никој за тоа да не се буни и коментира ???

Секое враќање од странство овер-анд-овер-агаин истиот заклучок: - Ние сме земја на искомплексиран народ кој суетата си ја лечи со тјунинг од секаков облик ама за џабе пари - од имитација на снагата на возилото со фејк спојлери, издуви, усисни решетки и остали козметички глупости до имитација на скапи светла со ефтини компоненти.

Е па, драго сиромашно македонче, тјунингот е скапа работа, да си знаете. Еден фар опремен со ксенон/лед кошта 500+ еур. Со вашите 50 еур на пат ноќе ВИЕ сте СЛЕПИ, а возачите отспротива ЗАСЛЕПЕНИ.

П.С. И дај бе мајку му, кога сте дале веќе 50 еур на Бит-пазар за ново Ултра-Хај-Енд плаво срање, дајте уште 50 денари за жмигавец, штоп или позициона сијаличка !!!
       После се чудиме зошто на првата гужва во комбинација со дожд 300 сообраќајки - па од технички неисправни ама затоа дебело нашминкани канти.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #620 на: 04 Август 2015, 15:39:07 pm »

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #621 на: 04 Август 2015, 16:38:48 pm »
Впрочем мене ми е сосем нејасно, како една култивирана и авто-мото свесна заедница не коментира против употребата на пазарски ксенон, али експрес лед-шишарки и останати варијации на вана-би хај-енд светлосни системи со петпарачки и тотално небезбедни сијалички.

И не само тоа, туку како е возможно секоја втора кола во МК да има во некој облик неисправни (прегорени), недозволени (бит-пазар ксенон во југо фар), несоодветни (чајна лед во Н1/Н4/Н7 изведба) и останати варијации и имитации со колорирано стакло и скроз фалш изведба - и скоро никој за тоа да не се буни и коментира ???

како заклучи дека не е коментирано? 100 пати се има пљукано по таквите...

инаку имам забележано дека ксеноно „почна да излегува од мода“ изгледа видоа дека прегоруват после 2 месеца а ги плаќаат по 1500-2000 денари, се помалку коли гледам со такви кинески ксенони иако сеуште ги има

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #622 на: 04 Август 2015, 22:38:52 pm »
Отвори што те нервира, ако не секој трет четврт пост е сигурно за светлата.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #623 на: 05 Август 2015, 16:37:00 pm »
Не е поентата во тоа што не нервира.

Битна е содржината во оваа тема, во која со поучни постови ке се едуцираат членовите да користат законски, технички напредни и високо квалитетни модификации - во случајов за фарови и светла - со што ние како автомобилска заедница ќе го кренеме нивото на квалитет во сообраќајот.

„Што те нервира“ е за да си ја кажеш маката и да ти олесни, а јас да прочитам и да дополнам слично искуство. Тој што ставил чајна ксенон на југо ќе не презира - и толку.

Цитат
како заклучи дека не е коментирано? 100 пати се има пљукано по таквите...
Не е поентата да се плука по нив. Поентата е да им се укаже.

Ако во специјализирана тема за осветлувања детално се објаснат маните на одредени модификации, а од друга придобивките на други тогаш ќе може да разбере и научи дека лошите модификации на поединци ја намалуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
« Последно менување: 05 Август 2015, 16:42:01 pm ZokiPet »

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #624 на: 05 Август 2015, 23:59:16 pm »
На Astra-та со палење на моторот, се уклучуваат светлата. Не постои начин да се изгасат. Од кога ќе стапи законов на сила? Да си нарачам една OPCOM дијагностика и да ги утупам софтверски..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #625 на: 06 Август 2015, 00:14:51 am »
Зошто ви е толку проблем на вас што рокате халогени да возите со светла? Една сијалица годишно од 250 денари ви е скапа па сеа ќе ги гасите светлата и софтверски?
И да не е законска обврска да се пуштаат светла преку ден, шоферска обврска треба да е, бидејќи е ФАКТ дека полесно И ПОБРЗО се приметуваат возилата со светла. Што побрзо го забележиш возилото, тоа побрзо можеш соодветно да реагираш.

Ксенонашиве ги разбирам (оние со ОЕМ ксенон), скапи им се сијалиците, ама вас со обична халогенка? Ви се молам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #626 на: 06 Август 2015, 00:19:15 am »
а што правиме со тоа дека запалени средни светла придонесуваат за зголемена потрошувачка,па и зголемено загадување?
плус,некако не сум убеден дека од кога го воведоа ова со светлата преку ден,дека сообраќајките се намалија.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #627 на: 06 Август 2015, 00:34:33 am »
Зошто ви е толку проблем на вас што рокате халогени да возите со светла? Една сијалица годишно од 250 денари ви е скапа па сеа ќе ги гасите светлата и софтверски?
И да не е законска обврска да се пуштаат светла преку ден, шоферска обврска треба да е, бидејќи е ФАКТ дека полесно И ПОБРЗО се приметуваат возилата со светла. Што побрзо го забележиш возилото, тоа побрзо можеш соодветно да реагираш.

Ксенонашиве ги разбирам (оние со ОЕМ ксенон), скапи им се сијалиците, ама вас со обична халогенка? Ви се молам.

Секогаш ми сметало тоа што неможам да си ги изгасам сијалиците, па сега дојде време да се позанимавам на таа тема. Не ми е проблем да возам со светла, ама чим во Германија не се задолжителни, ние ќе се праиме паметни. ДРЛ е права ствар, тие што немаме ќе си возиме со изгасени.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #628 на: 06 Август 2015, 00:36:21 am »
Јас сум ЗА запалени средни светла преку ден, пошто е ФАКТ дека придонесуваат за поголема видливост. Али мислам дека законот во ЕУ е дека не е обавезно во летниот период во медитеранските земји, поради јакото сонце немаат ефект вклучените светла.
Сепак ми е безвезе да трошам прескапо платени Night Breaker (1500ден) за преку ден на кои и онака им се броени саатите :-D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Фарови и осветлување
« Одговори #629 на: 06 Август 2015, 07:53:10 am »
Кај нас се нешто тешко се прифаќа, така и беше и со законот за светлата пред незнам колку години, имаше негодување ова она. Но сега е многу подобро кога ќе видиш некого со светла одколку без нив, законов во најмала рака можеа да го остават или евентуално да направеа задолжителни за вон населени места. Прегледноста е 100% подобра и да го видиш од далеку на разминување и да го видиш од далеку во ретровизори. Незнам за вас ама јас ќе си возам со светла посебно па кога ќе движам негде ван градски средини.