Супер си поминав

Без брзање, лаганица, со не-многу-големи чекања по граници, вкупно возење скоро 10ч со околу 2ч чекање по граници. По магистрала немаше застои, се возеше нормално, на граници ал/цг 30-40мин, и на цг/хр околу 1ч20мин.
Паузички по пат, уживанции лаганица возење деца среќни и мирни. Во Херцег Нови лапнавме малце ракчиња, лигњи морски ѕверки некои други, утепавме околу саат ипол, и уште паузички некои по пат за кафе-мафе.
Нема зошто да се плашите од патов, топ си е. Можеби има побрзи рути, ама мене оваа ми врати некои спомени - ем што е ќефлиска за возење.
Косово е малце зајеб додека излезеш на автопат, ама тоа прв пат ако го возиш. После тоа нема ниикаков проблем.

Сега мирно гледам во месечината над светлата од бродчињата во Плат, само пиво ми фали, ама среќа до апартманов има конобица фина
