Меден месец барам
Планираме август и ако е како што кажуваш не ми звучи добро...
Меден месец...? Ооо - ај со среќа.

Јас баш на меден месец бев таму, и супер си поминав. Само бегај од Палма, иди на север на Алкудија. И подобро во Септември, во Август е премногу жешко (жешко беше и на крај од Септември). Oд сесрце препорачувам да ја честиш госпоѓата неколку денови ол-инклузив во Иберостар комплексот, вреди за сите пари, и повеќе од тоа:
https://www.iberostar.com/en/hotels/majorca/iberostar-club-cala-barcaМестото е прекрасно, на литица од големи карпи, видикот е неверојатен посебно на изгрејсонце. Услугата топ, а храната... Храната е неверојатна. Кујната има десетици и дестици најразлични јадења секој оброк, во средината има кујнски остров каде десетина шефови спремаат специјалитети во живо. Всушност тоа е главната кујна, има неколку ресторани со разни кујни (се е вклучено). Изборот од пијачки е супер, посебно од жестоките, единствено од пива има слаб избор.
Само пази, повеќе од 3-4 денови такво јадење и пиење тешко се издржува.

Шпанците си имаат добар автобуски превоз насекаде низ островот, има сајт со распореди на автобуси.
Ако ти требаат други совети - не се либи да прашаш.
