Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1379917 пати)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг:
« Одговори #3795 на: 30 Јуни 2015, 18:04:18 pm »
Dali ima nekoj vo Grcija, dali imate nekoi prijateli vo Gr - da kazat dali rabotat benzinskite pumpi

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3796 на: 30 Јуни 2015, 18:11:59 pm »
Непроверена информација, од колега мој разбрав дека наводно негов пријател денеска бил во Гејлада и во Солун можело на поголемите бензински да се наточи гориво, додека тие надвор од Солун биле затворени. Пак ќе кажам, не ми е проверена информацијата. Ако колегата ме лаже и ја вас ве лажам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3797 на: 30 Јуни 2015, 18:27:41 pm »
Јас вчера си дојдов се си работеше најнормално. Луѓе не ни знаеа дека имало криза некаква си. Нит ги интересираше. Ама може ете денес апокалипса се десила...


Како и да е испланирај си го патот убаво и нема да имаш проблем со еден резервоар дизел. Значи имаш Окта на граница и точиш до крај. Тоа би ти дало 1000км грубо.

Од граница до Парга имаш 400км. Тоа значи дека ти остануваат уште 200км таму шетање по плажи за да стигнеш пак на враќање до Лукоил што е после граница. А попатно може и да подзастанеш на големи бензински и ако има да дополниш.

Ако имаш темпомат тие 1000км ќе ги пројдеш како ништо. Стави 110кмч и цепај натаму. Шетај си уживај си.
Ако најдеш бензинска ќе си наточиш и на враќање си одиш под полна гас. :)
Ако не најдеш ќе си одиш и назад со 110кмч и готово. :)

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг:
« Одговори #3798 на: 30 Јуни 2015, 18:34:53 pm »
Fala na info.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3799 на: 30 Јуни 2015, 20:41:13 pm »
И јас бев вчера, и имам впечаток дека нашиве медиуми ги преувечуваат случувањата во Грција. Еве ги казината се полни, шетаат грци низ град......

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3800 на: 30 Јуни 2015, 21:16:43 pm »
Нормално.. Нашиве се изгорени да кажат колку е срање во Грчка.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3083
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3801 на: 30 Јуни 2015, 22:04:17 pm »
Освен што од саботата вечер има по 10-30 луѓе на банкомат, што има по 2-3 коли на бензинска каде обично има 1 или ниедна кола се друго е нормално.

Убаво рекоа погоре - со полн резервоар и со кешарица во џеб нема ништо да осетите. И така картички ретко каде примаат по помалите дуќанчиња.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3802 на: 30 Јуни 2015, 22:20:16 pm »
Шо е најстрашно, народовсе јача грциве се тапа кај е боље топ сме еу гомна да јаде

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3803 на: 30 Јуни 2015, 22:31:42 pm »
Уште многу им треба на грците за да не стигнат.....ама надолу

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3804 на: 30 Јуни 2015, 23:03:36 pm »
Незнам шо толку се засекирале сите како е, банкомати не работеле бла бла. Јас не познавам некој шо на одмор во грчка вадел пари од банкомат.
Иако мислам дека со наша картичка можеш да извадиш ако има пари нели

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3805 на: 01 Јули 2015, 02:27:11 am »
e па тоа е проблемот нели.. нема пари ни по банкомати ни по банки... ке излезе дека имале фиктивни бројчиња само...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3806 на: 01 Јули 2015, 08:28:45 am »
абе кој нема пари. кој се врати од таму вика нема мишто само на мтв, анал 5, алфа и шител се освен македонија е трагедија

 удрија нашиве на кампања не одете во грчка. Кај да оти народов ако не оди таму, во Италија да не ке оди.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3807 на: 01 Јули 2015, 09:43:13 am »
Маурициус, Тајланд, Бахами... со разликата што ќе ни остане од поефтинувањето од струјата и бензинот.

А за идење во Грција не гледам реално проблем, и на грците им е во интерес да соберат што повеќе пари од странците.
Евентуално идењето по островите може да се искомплицира можеби поради некој штрајк на траектите, ама како за сите така и за туристите, ќе се најде решение.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3808 на: 01 Јули 2015, 10:01:15 am »
Грците се жедни за кеш. Им требаат туристи. Ќе направат се што треба за да може да пројде сезоната без никакви проблеми.

Не ги слушајте партиски обоени вести што шират пропаганда. Ако некого го интересира реално каква е состојбата во Грција, нека застане пред Дрво Декор (паркингот кај Холидеј Ин) и нека праша 10 туристи што се симнуваат од автобус и се враќаат од Грција. Тие ќе ти кажат дали има криза или не.

Истите луѓе што шират "анти грчка" пропаганда за викенди се ладат на плажа во Грција.

Соседот што живее спроти мене вчера се врати од Потидеа. Кога го прашав каква е состојбата во Грција со кризата, ми се изнасмеа у фаца. Нити криза виделе, нити па осетиле. Во туристичките места нема никакви проблеми ниту пак по пат имале проблем некаков. Само во околината на Солун имало по 7-8 коли на големите бензински што чекале во ред за гориво. На краците има гориво на сите бензински и нема никакви редици.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3809 на: 01 Јули 2015, 10:03:08 am »
И јас погоре го пишав наполно истото, согласно тоа што се врадив од Грчка сега. Си бркаат пропаганда медиумите, за која си се платени.

абе кој нема пари. кој се врати од таму вика нема мишто само на мтв, анал 5, алфа и шител се освен македонија е трагедија

 удрија нашиве на кампања не одете во грчка. Кај да оти народов ако не оди таму, во Италија да не ке оди.
Кампањата против грција ја водат други медиуми, не овие што ги спомна. Заради други нивни цели, секако.