Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1874097 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8388
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2655 на: 02 Јуни 2014, 10:57:48 am »
Моја препорака за тие што планираат на Лефкада да одмараат е никако да не се сместуваат во Нидри или посебно не во Василики.

Внатрешната страна на островот кај што е Нидри не ме бендиса, водата најмалку...
Има некое шеталиште што до некаде е ок...

Василики на Охрид може вода да му донесе.
Не трошете ден и пари на крстарењата околу островите. Ако сакате на брод, има тури околу познатите плажи со застанувања за бањорење. Препорачувам порано да си отидете околу плажите со бродот, ќе се мотивирате да одвоите по еден ден за секоја плажа, посебно за Егремни и Порто Каѕики  8)

Агиос Никитас е прекрасно местенце.
Гледам ЈК травел нудат апартмани на Катизма, тоа е веќе нешто, тиркиз на видик на 35 метра  8)

Во секој случај, главниот град Лефкада е близу и секако ќе шетате таму барем 3-4 вечерини.
И да, никако без кола на Лефкада, НИКАКО!!!

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2656 на: 02 Јуни 2014, 11:08:44 am »
Фала ти, како е со плин по пат и на Лефкада? А како со паркинг и цени на плажа, барем одприлика?

Edit: На ФБ некој тип ги сереше ЈК Травел на нивниот ФБ пејџ дека ги заебале за работа и смештај во Германија. Колку е точно не би знаел, just sayin.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2657 на: 02 Јуни 2014, 11:56:37 am »
Моја препорака за тие што планираат на Лефкада да одмараат е никако да не се сместуваат во Нидри или посебно не во Василики.

Внатрешната страна на островот кај што е Нидри не ме бендиса, водата најмалку...
Има некое шеталиште што до некаде е ок...

Василики на Охрид може вода да му донесе.
Не трошете ден и пари на крстарењата околу островите. Ако сакате на брод, има тури околу познатите плажи со застанувања за бањорење. Препорачувам порано да си отидете околу плажите со бродот, ќе се мотивирате да одвоите по еден ден за секоја плажа, посебно за Егремни и Порто Каѕики  8)

Агиос Никитас е прекрасно местенце.
Гледам ЈК травел нудат апартмани на Катизма, тоа е веќе нешто, тиркиз на видик на 35 метра  8)

Во секој случај, главниот град Лефкада е близу и секако ќе шетате таму барем 3-4 вечерини.
И да, никако без кола на Лефкада, НИКАКО!!!

Јас бев сместен на внатрешната страна поточно во Никиана. Да водата не беше тиркиза но затоа на 2 метри од брегот не пропаѓаш 2 метри во длабочина како на другите плажи на западна страна. Лефкас ми беше на 10 километри и Нидри ми беше на 10 километри.
Јас топло ги препорачувам турите со бродот и околу островот и околу соседните острови. Причина многу едноставна, некој да те вози на брод цел ден за 12-15 евра нема никаде, башка не се малтретираш со возење.
Јас рентав скутер (50 цц, 2 ца од 70 и 50кг) 7 дена и беше сосема супер за тури до Агиос Никитас (30 мин возење со скутер), Кацизма, Микрос Гиалос, Лефкас, Нидри, водопадите. За до Мегали петра не препорачувам одење со било што.
И најтопло го препорачувам хотелот Пегасос во Никиана преку Игуана јас бев со доручек и вечера. Храната за вечера беше феноменална.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5859
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2658 на: 02 Јуни 2014, 11:59:02 am »
Понуда за Будва

Период: 28 јуни до 7 јули

89 еура превоз и сместување

http://www.arka.com.mk/leto-2014/crna-gora.html

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8388
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2659 на: 02 Јуни 2014, 17:13:39 pm »
Фала ти, како е со плин по пат и на Лефкада? А како со паркинг и цени на плажа, барем одприлика?

Edit: На ФБ некој тип ги сереше ЈК Травел на нивниот ФБ пејџ дека ги заебале за работа и смештај во Германија. Колку е точно не би знаел, just sayin.
Паркинг 5 евра мислам беше.
3 евра кафе во бар или 3 евра кафе донесено по 100 скали на плажата Порто каѕики.
30 денари пола литро вода.
2,2 евра Митос грчко пиво лименка 0,33мл, 2,5 евра - Митос грчко пиво 0,5л лименка.
3 евра Амстел радлер, 2,5-3 евра Амстел пиво и други пива, цело ова донесено на плажа камен ладно.

За таверни и кафичи не можам да кажам, не ни посетивме многу.
Гиро 2,2 евра до 3 евра со некоја комплицирана пешија... Гиро "Yupo" покрај водата во Лефкада препорачувам. Мене тоа од 2,2 евра ми беше одлично. Во Нидри јадевме катастрофа гиро, не се сеќвам кој локал беше, на излез од Нидри беше.

1,5 евра топка-ТОПКА сладолед Ферреро, многу лепшо :)
23 денари литар и пол кисела вода од маркет во Лефкада. Во маркетите во Агиос Никитас беше нешто поскапо како и секаде верувам, но не и толку поскапо како во маркетот во Градиште што беше на времето ;D

Убави десерти од слаткарници во Лефкада од 1,5 евра па до 3-4 евра...

Јас бев натанкиран дизел од Лукоил Битола и на Лефкада на Шел дотурив уште за 30 евра.
На Лефкада има плин, попат не можам да кажам. Препорачувам преку Битола, не преку Гевгелија. Патот е солиден натаму и одличен а на Битолската граница во 3 часот по полноќ немаше кој да ме опцуе, 6 минути се задржав.

Има камери попатно, Навигонот предупредува со време. Не можев да бидам сигурен дали работат, возев по знаци.
Пред Арта мислам беше, има некои апарати покажуваат колку возиш, воспитно делуваат...

Ол мајти, во право си за длабочината на западнта страна но не бш по 2 метра но по 4м да.
До тие острови околу Лефкада, макар и за 5 евра не би трошел ден повторно, не е до парите, ние плативме 20 евра по човек. Турите околу Лефкада и плажите - ДА, реков.

Микрос Гиалос ако беше таа која слегуваш по пат бетер од СВ. Наум, не вреди да се губи време според мене.
Нагоре кога се враќавме во прва цело време и потрошњата на 25л ми се закова ;D

На Мегали Петра не отидов мислам баш по препорака на Ол мајти ;)

За повеќе инфо не ми текнува Смоле, прашај па ако знам ќе пишам.

И јас планирам за Лефкада, свој превоз и смештај во Агиос Никитас, некаде во Јули.
Не планирај повеќе, резервирај и да отидеш, вреди. Резервирај по со време, некако популарна стана па се трошат аранжманите.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2660 на: 02 Јуни 2014, 17:41:34 pm »
Ova Leto ke odam na skijanje na more ! ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2661 на: 02 Јуни 2014, 17:43:23 pm »
Не планирај повеќе, резервирај и да отидеш, вреди. Резервирај по со време, некако популарна стана па се трошат аранжманите.

Да, пратив сабајлево абер, чекам одговор. Ако не - букинг.

Фала на исцпрните информации :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2662 на: 02 Јуни 2014, 18:34:09 pm »
Понуда за Будва

Период: 28 јуни до 7 јули

89 еура превоз и сместување

http://www.arka.com.mk/leto-2014/crna-gora.html

EARLY BOOKING ЗА УПЛАТА ДО 31.05.2014 ГОДИНА :)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2663 на: 02 Јуни 2014, 23:54:06 pm »
@Pirat
Ја резервирав за на источната страна. Знам дека плажите се на запад и се тоа, али касно веќе е изгледа, па не ми правеа мерак тие на запад. Исто не сум многу по плажите, така да ке си возам, не ми е проблем. Бев информиран и се тоа, али некако се одлучив за вамо. МИслам не е некоја страшна работа по 30тина км у правец да си ги извозам :) бар така мислам де.
Ќе видиме како ќе биде, не см нешто многу запален ниту пак баран нешто незнам што.

Местото е близу лигиа мислам така нешто хотелче (не ми текнува името) со така убаво студио внатре, со кујниче со убав поглед на моер, со базенче, бар во него, голем ТВ (за свеЦко нели) така да мислам дека ке е ок. Ем со кола си одам, така да ке си идам и на другите плажи без проблем
Сеа можда и грешам, ама ваљда ке биде ОК

Ако имате некој tips или некое посебно место да препорачате кажувајте. Мене ми кажаа еден многу добар ресторан на западната страна во близина на Аг. никитас со најдобар поглед кон зајдисонце, па ќе се стационирам таму некоја вечер обавезно :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2664 на: 03 Јуни 2014, 05:43:10 am »
Добро ти кажале. Разгледај кои се плажите и посети ги сите. И кажи кога ќе тргаш да ти дадам основни параметри.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2665 на: 03 Јуни 2014, 07:36:24 am »
Nea Skioni или Kallithea? Ја гласам за првово, поинтересно ми се глеа.... Некој со искуство за Nea Skioni? За Kallithea знам како стојат работите...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8388
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2666 на: 03 Јуни 2014, 09:31:04 am »
Daywalker, Не си згрешил, внатрешната-источна страна е позелена, по има каде да се скриеш од сонцето.

Не е воопшто проблем да се провозуваш секој ден, според мене без провозување секој ден џабе си бил на Лефкада.
Ние се возевме секој ден и на Агиос Никитас баш најмалку бевме  :)

Како што опишуваш убаво ти е сместувањето, ние бевме во студентска соба  ;D
Но јас тоа и барав, да се скита повеќе, не ми беше важна собата, ама нели секој со своите потреби.

Убав помин  8)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2667 на: 03 Јуни 2014, 10:01:08 am »
Nea Skioni или Kallithea? Ја гласам за првово, поинтересно ми се глеа.... Некој со искуство за Nea Skioni? За Kallithea знам како стојат работите...


Во Неа Скиони бев пред 13 години на први мај, колку што се сеќавам помирно местенце беше со ок плажа, баш селце.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9232
  • Пичлеме

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2669 на: 03 Јуни 2014, 10:28:40 am »
Ол мајти, во право си за длабочината на западнта страна но не бш по 2 метра но по 4м да.
До тие острови околу Лефкада, макар и за 5 евра не би трошел ден повторно, не е до парите, ние плативме 20 евра по човек. Турите околу Лефкада и плажите - ДА, реков.

Микрос Гиалос ако беше таа која слегуваш по пат бетер од СВ. Наум, не вреди да се губи време според мене.
Нагоре кога се враќавме во прва цело време и потрошњата на 25л ми се закова ;D

На Мегали Петра не отидов мислам баш по препорака на Ол мајти ;)

Е затоа јас милувам да рентам скутер на остров (поготово ако ми дадат 125) можеш секаде со него да одиш.

Инаку Микрос Гиалос по мене ја имаше најубавата нијанса на зелнкасто/тиркизно море. Плажата беше од камчиња со 2-3 см. Единствен проблем, ладна е водата баш беше во Јуни. Секаде се бањав освен таму. Влегов, до врат, ми смрзнаа гениталиите и искочив одма. Причината било што имало некои ладни подземни води или извори, така спомна еден Грк. Али затоа водата е ненормално бистра и мирна (како заливче е местото).

Види турата со соседните острови по мене е супер зошто местата што ги посетуваш се одлични. Местенцата на Итака и Кефалонија дефинитивно се убави, архитектрурата е интересна итн .. башка што те носат повторно до Порто Кацики, па со овие две тури го посетуваш два пати.