Вчера се вратив од Банско:
1) Вињетки имаше на самата граница, чинат 5 евра за 1 седмица, јас ја платив со евра.
2) Полиција 100 посто има на следниве локации: Meѓу граница и Ќустендил, кога патот влегува во две помали места, не ми текнува како се викаа и после Благоеврград во правец на Банско. На овие две места од 5-6 пати до сега што сум поминувал секогаш имало полиција. Очекувај и на уште некое место во БГ. И во МК на две места сигурно :/ И јас имам слушнато дека со 5-10 евра се подмитува бугарски сообраќаец, ама до сега фала богу не сум имал потреба.
3) Ограничувања има ретко кој од бугарите ги почитува, знак за радар видов само на едно место пред Банско ама мислам дека е без камери. Има и знаци каде е обележано дека стои полиција.
4) Ако можеш смени левови во МК, затоа што во Банско се менуваат за евро - 1,85 левови и на крајот кога ќе сакаш да ги смениш пак во евра никој нема да сака да ги смени освен во молот во Банско во една банка (мислам тешки глупости, само на бугарите може ова да им текне)
5) Снег има од првата станица на гондолата па нагоре. Ако скијаш на терените има доволно снег, кој не се топи толку лесно. Температура утринска на ски терените е од 3-6 степени, затоа облечи се полесно, само мајца со кратки под ски јакна да не се потиш многу кога скијаш.
6) И јас го возам патот кој што ти го имаш ставено, и ќе кажам дека во МК е дупло полош и потежок за возење. Што знаши најголем проблем е да стигнеш до К. Паланка
