Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1873964 пати)

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2430 на: 29 Август 2013, 21:15:35 pm »
Еве јас ќе спомнам неколку места.

Крит, ниту еден македонец не видов пред 3 години.

Иос пред 6-7 години бевме 8 македонци кои беа на одмор, од кои 5 беа моето друштво и уште три девојки. Имаше 10тина македонци кои работеа таму, али тоа е друга приказна.

Крф пред 8-9 години, еден автобус македонци кои само еднаш ги сретнав на островот.

____________________________________________________________________________________________________________

Хвар годинава и лани, само едни дечки со јахта од Скопје седеа позади мене во ресторан, ниту едни други. Во Јелса имаше, али тие традиционално си одат повеќе од 20 години, али не се движиме на исто место.

На Раб до пред 5-6 години имаше 2-3 семејства што одеа само, сега ги има доста.

На Вис пред 7-8 години имаше само едно семејство кое живее таму.

Во Водице пред 4-5 години ниту едни не сретнав. Заедно само бев на Кркини слапови со оној Чинговски.

На Истра, поточно Ровињ пред 4-5 години само еден другар со брат му и братучед му.

На Азурен брег фала богу дека ги нема, али не е така достапно.

Мислам дека е доволно, ова се скоро сите мои одмори во изминативе 10тина години, што со друштво, што со моите. Сигурно нешто заборавив, али во главном сме избегавале македонци.

Е сега, можеби на секое ова место имало уште македонци, ама чим не сум ги забележал исто е како да ги немало.

Таму завршува приказната "Грција".

Не правам веќе муабет на темава, несакам расправии и непотребни тензии. Гледам Дени како да ми се нервира..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2431 на: 29 Август 2013, 21:18:11 pm »
@Diesel уживај ние си се разбираме. :)


@Banzai издаде неколку места, за кои ќе се сложам за оние во Грција наполно. А кај хрватските би го додал и Паг, пред 8 години кој немаше жив Македонец. П.С. На крит и оваа година слабо Македонци.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2432 на: 29 Август 2013, 21:19:07 pm »
@Diesel уживај ние си се разбираме. :)

Е така..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2433 на: 29 Август 2013, 21:27:37 pm »
Заборавив за Паг, бев и таму пред 7-8 години исто, имаше многу малце македонци, мислам едно друштво плус моето од 12 :)

Родос исто годинава живо пиле нема од нашава вукојебина.

А Дизел зашто да се ограничиме само на Грција, само Грција ли е дестинација за одмор за нормална сума на пари?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2434 на: 29 Август 2013, 21:47:03 pm »
Заборавив за Паг, бев и таму пред 7-8 години исто, имаше многу малце македонци, мислам едно друштво плус моето од 12 :)

Родос исто годинава живо пиле нема од нашава вукојебина.

А Дизел зашто да се ограничиме само на Грција, само Грција ли е дестинација за одмор за нормална сума на пари?

Затоаш што дискусијата се разви за Грција. Затоа што најмногу проблеми имаме во Грција - муабетот се започна кога Дени праша дали некоја од оштетените коли имала нови МК таблички, и спомна дека треба да се избегава одење на места кои се пренатрупани со Македонски туристи, а јас не се согласувам со тоа, од причина што сметам дека такви места нема или еве, според вас има, и затоа што најголемиот одлив на Македонски туристи во летната сезона е во Грција, не е во Франција, на пример.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2435 на: 29 Август 2013, 22:00:19 pm »
Јас не разбрав дека се збори баш само за грција, али нема везе. И секако не викам Франција или Малдивите, туку Хрватска, Црна Гора, Турција и сл. Места на кои што можеш да отидеш за исти пари како и во Грција.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2436 на: 29 Август 2013, 22:02:37 pm »

На Азурен брег фала богу дека ги нема, али не е така достапно.


Ете. А за останатите - фала Богу, нормално дека се оди на одмор. Пример сега да треба да бирам - Албанија. Не се мислам ни секунда.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2437 на: 29 Август 2013, 22:08:41 pm »
Азурен онака го спомнав, али и самиот кажав дека не е достапно :)

А во Албанија ако потрошиш исто пари како во Грција треба да си луд. Во Албанија се оди само дека е поефтино или некој ако те прелаже, ама мислам дека нема такви.

Така да Албанија намерно не ја спомнав :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2438 на: 29 Август 2013, 22:11:28 pm »
Не зборував за пари - тамам работа ако потрошиш исто.

Не сум бил - ми велиш дека Албанија е лошо место за одмор?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2439 на: 29 Август 2013, 22:33:56 pm »
Ни јас не сум бил, ама така мислам по рецензии на неколку луѓе на кои им верувам и им го знам критериумот и по тоа што сум гледал на нет.

Можеби грешам, ама не би сакал сам да проверам. За парите може да е добро, али ако можам да си приуштам повеќе зашто да одам таму.

А еден од основните критериуми за одмор се парите, не можеш да споредуваш Малдиви, Струга и Крф рецимо. Сигурно нема да кажеш ќе идам во Струга дека Малдивите се далеку, безвезе ми е толку далеку да идам на одмор :) Тебе може стварно да ти се далеку и да не сакаш да одиш дур до таму или можда повеќе сакаш карпи од песок, ама сигурно алтернатива нема да ти биде Струга или Крф, туку некое друго место во сличен ценовен ранг на Малдивите, па нека биде и 20% плус минус, ама не и 50% или повеќе.
Или да ти кажам да не одиш во Грција на прв крак или она другоно како и да се вика за 500 евра дека има многу македонци, туку мој предлог да ти биде Турција хотел со 5 звезди кој уште не го знаат нашиве, ама за 1500 евра :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2440 на: 29 Август 2013, 22:36:57 pm »
Јасно. Ама, вложено-добиено, споредено Грција-Албанија (и јас од муабети) - нема(ло) дискусија.

Многу повеќе добиваш ако одиш за Албанија, отколку што губиш ако не одиш за Грција.

А за одење - би отшиол, why not? Барем еднаш..

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2441 на: 29 Август 2013, 23:16:59 pm »
Жими к, променливи се.

Кажи кои се.

Еве јас ќе ти кажам - последниве две години, од Срби и Македонци - на било кое попознато туристичко место во Грција, а и не толку комерцијализирано, неможе да се прдне. ТАКВО МЕСТО НЕМА.

Да отидеш на најјужната точка на Грција, гарант - глава давам дека ќе има наши и таму. Растеме каде што не не садат.

Знаеш зошто толку многу македонци има низ светов?

Многу се глупи, не знаат како да се вратат назад.

;D ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2442 на: 30 Август 2013, 01:09:25 am »
Не верувам дека односот вложено/добиено е на страна на Албанија. Додуша не ги знам цените, ама без елементарна инфраструктура, лоша хигиена и со еден куп објекти во градба не ми е дестинација за одмор.

Според мене рано е да размислувам за одмор во Албанија, за 5-10 години можеби.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2443 на: 30 Август 2013, 09:45:30 am »
Муабетот од вчера:
Цитат
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ОТКРИЈА ТОРОНИ

До пред некоја година ретко кој од Македонија знаеше за грчкото село Торони, кое се наоѓа на крајот од вториот крак на Халкидики.

Вообичаено дестинации за Македонците, кои се едни од најбројните туристи во Грција се туристичките места на првиот крак на Халкидики и островите Закинтос, Лефкада…

Оваа година, покрај Бугарите и Србите, во Торони можеа да се видат и многу Македонци. Мештаните велат дека порано најредовни биле Бугарите, но сега се почесто доаѓале и Македонци.

Торончани, кои полека учат за туризам (Торони почна да се развива во туристичко место последниве десетина години) не оставиле ништо на случајност...

http://emagazin.mk/торони

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #2444 на: 30 Август 2013, 10:01:41 am »
Дени може само да замислам  која траума имаш останатите 330 дена опкружен со македонци ;D