Yeah right...
Црна Гора е алтернатива со пештанскиот туризам и екстремниот турбо фолк...А Хрватска со камењастите плажи....
Плус и двете се исто блиску ко да идам у Грчка...
Скопје - Халкидики = 4 саати возење со граници
Скопје - Будва = 7 саати возење со граници
Скопје - Хрватска = од 8 до 11 саати возење со граници
Во Црна Гора последен пат бев во 2008-ма и се вратив 5 дена порано од планираното...Во екот на сезоната, т.е. средина на Јули, цел магистрален пат од Бечичи-Рафајловичи до Будва беше раскопана, покрај еден куп отворени градилишта. Прашина имаше до 100 метри висина. Бев сместен во Рафајловичи, плаќав по 3 или 4 евра од ден за паркинг на кола, ама онаков пештански паркинг. Оставаш број од мобилен на шофершајбна и минимум 3 пати во денот некој ми ѕвони за да ја извадам колата, да може да излезе, па потоа да ја препаркирам назад. Исто и кога јас излегував малтретирав 3-4 души минимум...Места за провод само за екстремистичка сељачана. Освен ектремен турбо-фолк ништо друго не се пушта по кафичи и дискотеки, немаше каде да излеземе со жена ми (тогаш девојка ми)...
Врв беше рекетот кој ми го направија во ресторан во стариот дел од градот. За 8 работи ми тупнаа 6 сметки со различни дати и времиња, а меѓудругото сметка од риба која не сум ја нарачал. Јас нарачав Орада која имаше максимум 600gr, а тие ми увалија сметка од пред две недели на која беше искуцан 1.1kg лаврак...Пробав да се расправам со сељачаната, ама попусто. Пробав и да ги пријавам во инспекција, ама од таму слатко ми се изнасмеаа. Па така ми пукна филмот, си спакував парталите и се вратив назад во Македонија. Во наредни 20 години моја нога доброволно таму не стапнува, можда службено или нешто за бизнис, инаку нема шанса.
Се на услуга и понашање исто ко во Охрид, само што е на море и ноќен живот има само за сељачана. Ако ги земам плажите и морето, плажите се 2 класи подоле од оние на Халкидики, а морето е доста постудено. Нема ништо алтернативно.
Хрватска, можда има 2 или 3 песочни плажи на 1000km оддалеченост од Скопје кои се недораснати за просечна плажа на Халкидики. Ако тоа е алтернативата, секогаш избирам Грција.