да не бил некој по некоја случајност во Stefani Hotel во Сарти?планирам да идам од 20-ти август таму.знам дека Сарти е доста фалено и дека во околината има доста добри плажи,што ги има спомнато Гојдо(ако не се лажам) претходно,па ако не го мрзи некој што бил на плажите да ги означи на мапа(ако не ништо страшно).друго,ме интересира,могуче ли е тој период да има алги,медузи и слични срања?
Вчера се вратив од Сарти.
Во Стефани хотел не бев.
Бев во приватно сместување.
АМА............
Сарти на никој не му го препорачувам што не бил до сега.
Ништо нема посебно во тоа место. Ама баш ништо!
Плажата ок, песочна е. Ама водата, морето.... исто како и секаде во грција.
Местото е жали боже.
Почнало како 1 улица, па се доградиле уште 2-3. Нема ни центар ни ништо.
Ветар дува УПМ!
Цело време беше поднесливо, ама последните 2 дена не одевме на плажа од што има ветар.
Сместување прескапо за такво место. Пренапумпани цени за ништо.
Срби колку сакаш. НЕ... Срби повеќе од колку во србија. Тие се главни таму. Имаат 2-3 агенции за сместување и го командааат цел град.
Единствено нешто позитивно е, тоа што е евтино за престој. Јадење од маркети ова она, цени како кај нас. Можеби е така и во цела грција, годинава.
Портокали бич, вреди за секоја нервоза изгубена во Сарти. На 5 км е од Сарти.
По други плажи не одевме во близина, така да незнам како е.