Berovo, zosto da ne?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Заради следново:
1. Поголемиот дел од персоналот е крут и крајно нељубезен. Претпоставуван стидирале во Охрид, па се од позната тамошна школа на угостители.
2. Цените не соодветствуваат со вкупното чувство на услуга и луксуз кои ги добиваш.
3. Спа центарот во најблага форма е тешко разочарување - мал, нечист, несреден.
- Знам луѓе кои дома имаат поголемо џакузи, но повалкано - никаде не сум видел. А да, не ни помислив да влезам.
- Сауната е клаустрофобично мала, а параметрите за температура и влажност беа поставени на Еко мод

Се отепав турање вода со тоа лажицата, за барем малку да се подиспотиме. Кога ќе порасне сака да биде финска, но во реалност е хоби сауна за дома.
- Базенот е исто така мал, незгодно поставен на три ѕида и има пристап од една страна. Има смарагдно-зелена боја - а тое а најлошиот дел бидејки доаѓа од алгите нафатени на неговите ѕидови - ужас. И да, не влегов да се капам.
- Крпата што ви ја даваат е димензија за бришење за лице, па е бескорисна ако сакаш да ја ставиш врз ефтините пластични лешалки, прилично валкани и замастени на одредени делови. Не лежев, седнав малку врз парчето ткаенина, наречено крпа. И не, не сум некој хипохондар, навистина беа прилично нечисти.
4. Традиционалната храна е супер, но искрена препорака да ја избегнувате скарата.
Но секако, има сигурно уште исто толку (ако не и повеќе) добри работи заради кои вреди да се посети.
За мене лично, вкусот на Бабината торта со прелив од шумски јаготки - прајслес !
П.С. За слична цена и плус 100-тина км, го препорачувам Кемпински - Банско.
Услуга - топ
Персонал - прељубезен
Спа Центар - години по ред избран за најуреден на Балканот. Сауни: финска, турска, парна, арома, снежна . . .
Велнес Центар - фантазија
и што уште не ...