За сите што се Грција или планираат да одат, а ке се враќаат преку Солун на Ринг Роад, да внимааваат на знакот за излезот на Евзони !!! Обраснат е во зокуми, мајката да им ја ..., и се открива од лисјата кога ке стигнете на 30-40м од него.
Јас иако го чекав и веке имав намалено на 80-90, прекасно го приметив и заради возила зад мене не можев да застанам па добив гратис прошетка

.
Во основа барем на деловите каде јас поминував, зокум не скастриле од лани, па не е на одмет искусен совозач кој успат знае да чита и грчки.
На патарини чекајте освен кусур да ви дадат и тикет. Најдобро натокмете колку што е патарината, за наместо само кусур да добиете тикет.
Радари немаше, полициска контрола исто не начекав - мошеби и не видов - од ЗОКУМИИИИИ

И самите грци возат по знаци, па не претерувајте многу над дозволеното, за да не штрчите од остатокот, или начекајте брз „чистач„ и шлепајте се позади.
Ако одите Солун за Икеа, Космос, Оутлети - моја препорака е ако го познавате Солун да излегувате низ град наместо по Ринг роад, побрзо е, а и ке го избегнете излезот со е....те ЗОКУМИИИ !!! Во Икеа јадете ќофтенца, избегнувајте од пилешкото и не земајте од белите туку од црните лепчиња за ручек.
Што и да купувате над 100-тина евра барајте Tax Refund од продавницата. На грчка царина еден печат на документот и парите си ги земате од Free Shop-ot на каса во кеш. Е сега не е цел износ од 23% ( на пример: на 121 еур од Columbia 14 eur поврат на ДДВ, доаѓа некаде околу 11.5%), остатокот е провизија, но „боље ишта, него ништа“, плус секое евро што ке го земете е и евро помалку за нив

За крај, како што рече Гојдо, за сите што не се веке грција, а немаат сеуште дечиња или воопшто не се ни женети, одете на друго место, зокуми може да гледате и покасно.