Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1863843 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7821
  • French diamond
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9495 на: 11 Август 2026, 22:12:16 pm »
На крај пак е крива државата, стегај казни да видиш утре дали пак ќе ги прат то..ама нема кој да работи, паразити и врски насекаде.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1029
  • The best or nothing.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9496 на: 11 Август 2026, 23:10:00 pm »
Абе порано дома не смееа да дознаат дека сме правеле глупости у школото, ќе те здрват уште толку.

Ова никогаш не го разбрав, а го имам поминато. Сега не се согласувам дека треба сукало да се крши, или со оние црните папучи кога ќе ме мавнеа, како со оптика да нишанеа.
Ама и немавме телефони во школо, па не знаевме за тикток глупости и шеми.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2942
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9497 на: 11 Август 2026, 23:11:47 pm »
Мене ме немаат никогаш насилно тепано, ама имав стравопочит и кон нив и кон наставници бидејќи така ме воспитале. Паѓало по некоја заушка и шамарче од моите и тоа ми беше доволен знак дека сум усрал.

Инаку за да го разбереш - со тоа што правиш глупости во школо, па те кажуваат на родителски и сл - индиректно го грдиш името на фамилијата. И нив. Барем јас така го имам сфатено.
« Последно менување: 11 Август 2026, 23:42:10 pm balanar »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2587
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9498 на: 11 Август 2026, 23:29:44 pm »
Фали работа на родителите со децата. Тазе родителите не посветуваат воопшто време на своите деца. Да ги научат каде се фрла ѓубре, да кажуваат добар ден, пријатно, фала. Најосновното. Потоа доаѓа читање, пишување, емпатија, праведност и се останато.

Дур е мало, со лесно можеш да го научиш. Штом ке порасне, само со казни.

Ај па ти, основно воспитување и основна култура да ги учат? 

Битно пасошот на детето од 5 години е географски атлас, нема континент кај што нема поминато по барем по 3 држави.

Како иначе ќе бучи инстаграмот на мамичка и татичко?

Децата у изветвена облека од братучедите, мамичка со Аперол Шприц у Бари ( за само 10.99 еу со Виз).

Некогаш мислам дека некои дебили раѓаат деца за да може да им се уклопи у Инстаграмот.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3502
  • Хюндай Тюсон
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9499 на: 12 Август 2026, 09:17:03 am »
Официјалните податоци пак велат дека родителите сега посветуваат и поминуваат 3х пати повеќе време од пред 30тина години. Така да не држи вода дека состојбата е поради занемарување на децата. Ќе да е обратното.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9500 на: 12 Август 2026, 09:24:31 am »
Официјалните податоци пак велат дека родителите сега посветуваат и поминуваат 3х пати повеќе време од пред 30тина години. Така да не држи вода дека состојбата е поради занемарување на децата. Ќе да е обратното.

Муабетот е клише и воопшто не е точен. Педагошкиот елемент е само дел од однесувањето на индивидуата, ама работите за кои се дискутира на темава се комплетно неповрзани од тоа „не си бил тепан дома“.
Секој ден кај нас се нормализираат различни нелогични, незаконски и неморални работи.

Возрасни индивидуи не го моделираат однесувањето на тоа што научиле како деца, туку на тоа што прави околината и што се смета за „нормално“. Во Македонија, во 90-тите се има случено таков пад на морал и човечко однесување, се има појавено таква алчност која е тешко да се искорени со децении и место на подобро, одиме на полошо секој ден.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9501 на: 12 Август 2026, 09:28:46 am »
Проблемот настана кога на наставниците им се забрани да бидат наставници, туку се направија дадилки што пренесуваат знаење. Без никакви укори, без вербални и физички мерки. И со Viber групи за информирање на мамичка и татичко.

И кога на родителите им стана побитно дали кучето е искакано и прошетано, отколку воспитување на своите деца.

Абе порано дома не смееа да дознаат дека сме правеле глупости у школото, ќе те здрват уште толку.
Сега се гордеат со тие глупости.

Денешните главни играчи во општеството се меѓу 30-50 години, па дури и постари. Значи од „твое време“. Нели порано не сте смееле да правите глупости?

Сигурно Охрид не го водат 15 годишни деца. Градоначалникот ти е роден во 1985 година, во „добрите времиња“ кога играл стапот.

И сега?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9502 на: 12 Август 2026, 09:54:52 am »
Новите наставници се партиски ликови, за мкнење по митинзи. Професијата е драститчно опадната во квалитет.

Така да, во комбинација со инста мама и тато ликови, јас очекувам само полошо да биде. Страшно е тоа колку имаат во нив деструктивни особини.

Денес да е воспитано и одговорно едно дете, е ненормално.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9503 на: 12 Август 2026, 10:32:07 am »
Официјалните податоци пак велат дека родителите сега посветуваат и поминуваат 3х пати повеќе време од пред 30тина години. Така да не држи вода дека состојбата е поради занемарување на децата. Ќе да е обратното.

Kaде имаш видено официјален податок, а да е лош? Ние официјално сме ти 4 најдобра економија во Европа.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22367
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9504 на: 12 Август 2026, 10:55:56 am »
Абе порано дома не смееа да дознаат дека сме правеле глупости у школото, ќе те здрват уште толку.

Ова никогаш не го разбрав, а го имам поминато. Сега не се согласувам дека треба сукало да се крши, или со оние црните папучи кога ќе ме мавнеа, како со оптика да нишанеа.
Ама и немавме телефони во школо, па не знаевме за тикток глупости и шеми.

Кафеави беа...односно сеуште се, али ти се стемнува кога ќе те погодеше. ;D



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45162
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9505 на: 12 Август 2026, 12:55:27 pm »
Има некој изгенерирано 3д модел од влечкиве, да ги пуштам на 3д принтер?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1203
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9506 на: 13 Август 2026, 22:24:18 pm »
Стандардно и ова лето Врахос




Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6401
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9507 на: 13 Август 2026, 23:56:55 pm »
Ми излегоа случајно во рекомендед на јутуб некои оверлендери со Дефендер, нешто  North Macedonia hidden gem ау, ајде реков ќе фрлам едно око на видеото.. Тера се океј, Охрид, Шар планина, ваму таму, пред да излезат од државата, стигнаа на тоа видиковецот на езерото Козјак, будење сабајле некој на сред спиење им ги украде чизмите за планинарење на момакот и пар Крокс на девојката од кај што го оставиле под џипот.
И така, си заминаа по чорапи надвор од овај прекрасен хиден џем...
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9508 на: 14 Август 2026, 08:58:37 am »
го изгледав и искрено не ми се верува дека на Козјак во ноќ му дошло на некој да му ги земе чизмите и кроксот на госпожата, од под џип
по за верување ми е дека џукци ги имаат префрлено некаде

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45162
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9509 на: 14 Август 2026, 08:59:22 am »
Исто и јас помислив. Ете и по коментари, лисиците спремно вребаат :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.