Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1853033 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9435 на: 28 Јули 2026, 14:57:28 pm »
Многу непливачи одат Лефкада, а за такви ризично е пошто 3-4 метра и готово 2м е длабоко. Западната страна дека е отворена почесто има бранови, ама можиш да се капиш, не е страшно до 1.5-2 метра бранови, ако си пливач.
Ептен ако дува и се кршат уште пред плажа, е тогаш нема маж шо ќе влези, ниту влегува. Мирна вода можеби рано сабајле, или на јужните плажи ако сакаш помирно.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9436 на: 28 Јули 2026, 15:33:30 pm »
Лефкада по мене е очајна гужва особено Јули и Август. Плажите (тие светкавите) се родибабо дете ако се симнуваш од копно. За секоја обавезно кола. За најсветкавата Egremni, да се симнеш душа ќе ти излезе. Пешки удоле пешки угоре. Бродските тури олеснуваат секако. Јас еднаш и никад више.
Кефалонија е посува на пример, ама има и подостапни плажи. Мислам дека е подобар избор.
Јас бев во септември пред 2-3 години и истово го помислив. Си викам како е во јули, август по овие тесни патчиња за возење. Егремни на враќање да дојдам до колата срцето ќе ми излезеше таков напор не сум почувствувал одамна. Катизма имаше доста паркинг, а Кацики така-така и овие две плажи не бараат многу пешачење.
АМА, сепак убаво поминавме. Плажите се стварно спектакуларни, водата беше топла и мирна барем тогаш. Во источниот дел плажите се под просек за Грција. Ако некој оди за Лефкада и не му е проблем возење по тесни патчиња обавезно да се посети и некој од рестораните што се по планините (на пр. Rachi restaurant). Прекрасен поглед на зајдисонцето.

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9437 на: 29 Јули 2026, 11:17:24 am »
Ај некој што бил на Лефкада ако сака да напише реално искуство во однос на самото капење на овие познатите плажи. Дека е убаво, дека бојата на водата е нестварна, дека има кафичи и ресторани со феноменален поглед се тоа ми е јасно, ме интересира конкретно дали можеш да се капеш или  само ќе влезеш на почеток до колена и ќе те лупаат бранови цел ден. На 90% од сликите и видеата што ги гледам од сите плажи има ненормално многу бранови и луѓето само си разладуваат нозе во плиткото.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk

Јас пред 10-тина години бев две последователни лета и ко млад ерген со изнајмен скутер ги имам едни од најубавите спомени, до ден-денес.

Ако сакаш поактивен одмор местото е супер, ако замислата ти е една-две плажи каде што ќе лежиш по цели денови, тогаш најверојатно не.

На западната страна единствено место каде што не удираат големи бранови ти е Агиос Никитас, селце,
сместено во полу-залив со супер плажа и места за нуркање, ама и голема гужва ако не фатиш место на време.

Сите останати плажи на западната страна имаат потенцијал за големи бранови и јаки струи во рок од неколку минути (прашај ме како знам и благодарам за гркот на кој му се закачив на душек пред да се удавам ;D )

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4100
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9438 на: 29 Јули 2026, 12:43:03 pm »
Агиофили е прилично мирна плажа/вода

New blood of old school

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2918
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9439 на: 29 Јули 2026, 14:36:59 pm »
Agios Ioannis, Pefkoulia, Gialos, Avali, Megali Petra, па и Milos - овие знаат да бидат прилично мирни за разлика од Kathisma, Egremni. P. Katsiki...

Она што е чудно е дека Gialos e одма пред Egremni, a е доста помирна.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9440 на: 29 Јули 2026, 19:03:25 pm »
Јас лани само првиот ден на катизма беше мирно немаше бранови. Мислам дека е до времето како ке се погоди, нема оваа е мирна оваа не. Бев само на западна страна агиос никитас, милос, егтемни, кацики, мегали петра ,каваликефта. Скоро секаде првите два три метра е испод глава после е длабоко. Ако не си добар пливач нема да ти се допадне


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2905
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9441 на: 04 Август 2026, 09:59:53 am »
Поврзано со летото, некој да даде предлог за базен во Скопје, односно околина на Скопје, проверена работа од аспект на хигиена и ок храна, сакам овој викенд фамилијарно да отидеме на некој добар базен. 

Што ќе кажете за Авка парк Пробиштип, некој со искуство од таму?

Планирам некој од понаредните викенди да одам во Гевгелија во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar, ми го пофалија доста, од секој аспект.
Да се надоврзам, можеби на некој ќе му користи. Саботата бевме на базенот во Кокоанут/ Coconut Pool & Lounge Bar во Гевгелија и бев изненаден колку беше добро местото, растеретено, убави лежали со доволно просптор една од друга, големи чадори, хигиена 10-ка, ок цени, вода топла и чиста, убава атмосфера. За секоја пофалба.


Да ја завршам почната приказна, чисто како податок и мој личен впечаток.

Бевме викендот во Пробиштип, ајде конечно да го видиме Аквапаркот.

Цена влез: по мене ок, 1350 ден за 2 возрасни, 1 дете 11 години, за малата од 3 години не се плаќа.
Паркинг: Има доволно место, мада ние бевме таму 10:15, искрено бев прв на паркингот :).
Содржина: Слободни лежалки има до кај 12:00 часот, има доволно избор на базени/базенчиња, за мали и големи, таман да не се осети дека има гужва. На поголемата и беа интересни тобоганите, мрзлива река (со слаб проток, мора да си помагаш со раце и нозе ама не ни сметаше).

Негативно (по мене):

Знам дека кога државата го направи (сега не знам каков статус има) идејата беше да има содржина за тој регион, по некои прифатливи цени. За мене не е прифатлива цена 80 ден за мала вода 0,5, или 140 ден за Златен даб 0,3, или сладолед на стапче 120 ден. Цената на порциите (хамгургер, пилешки прсти) беше околу 300 ден, не е прескапо за такво место ама квалитетот не одговара за платеното.

На влезот ги претресуваа ранците и на едно дете му го земаа смокито од 12 денари. Тоа дете дали од Пробиштип, Виница, Кратово, треба да плати карта од 500 денари, плус пат зависно од каде доаѓа, плус ако изеде и испие нешто таму, не е испод 1000 денари а ти му го зимаш смокито. Ги претресуваа сите, и возрасни и мали, го отвараа секој ранец.

Хигиената е на лошо ниво, посебно во вецеата.

Треба да се реновира и обнови, некои делови се опасни, имаше дупки во даските на платформата околу базените, штрчат летвички, дупки во тобоганите (среќа странични ама сепак опасни ако некое дете се обиде да стави рака).

Водата е ладна во базените, мене лично не ми смета ама со мало дете не е препорачливо повеќе од 15 мин да седи во водата.

По мене, вака како што е сега, да се отиде, да се види и здравје, не знам дали во догледно време би го посетил со деца пак, додека е вака, сигурно не.

Така да, после Авкапаркот, следниот ден пак отидовме во Гевгелија, Коконаут бич бар, нема содржина како аквапаркот, ама сосема доволни се големиот базен и двете мали преградени внатре во големиот, поевтино, далеку подобра услуга и многу релакс атмосфера, нема гужва. Водата пријатна, чиста стакло, хигиена на екстра високо ниво. Така да до крај на летото, пред Грција и после Грција, дефинитивно ќе гледаме максимум  да ги искористиме деновите од одморот и секоја можност да го посетиме базенот, посебно кога остануваме во Демир Капија.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9442 на: 04 Август 2026, 10:36:27 am »
Нема помизерно од претрес храна да не носиш, па и смоки да му конфискуваш.  :-X
 
Годинава и на базен Битола прв пат да почнат да ме проверуваат, а јас со другарот двата најмалку 15години постари од братот шо глуми полицаец и спасувач (а се крие под сенка вкафич наместо да гледа вбазен),
не проверуваа а ние дојдени на 1 саат едно пливање да маниме.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4183
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9443 на: 04 Август 2026, 11:38:49 am »
Налет бизнис моделот и храната, ама вода не смее да не дозволи да си донесеш колку ти треба. Другото баму'ја, умре коњот ние по самарот ќе маваме.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9444 на: 04 Август 2026, 11:45:05 am »
Тука во Германија многу ретко да сретнеш базен, аква парк, спа центар каде не е дозволено да се носи храна и пијалоци од надвор, иако во склоп на самите места има бистро каде што се продава храна и пијалоци. И пак се полни се чека ред да земеш нешто, иако и доста луѓе си носат од дома храна и пијалоци.