Сме го збореле ова и порано. За некого одмор е шетање, за некого е нешетање. За мене конкретно, одмор е нешетање. Сакам да се стационирам и да не се замарам. Не ми е ни досадно, ни ништо. Уживам (и ми треба) да го пуштам малку мозокот на пасење и да не размислувам што ќе правам ни после, ни утре, ни за три дена од сега.
Си читам книги, си пијам пивце, јадење, скаричка, море, плажа, а-у.
Секако, не убедувам други дека моето е правилно. Ама мене ми одговара.