Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1374250 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2289
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8730 на: 27 Август 2024, 16:50:07 pm »
Се вративме од Н. Мармарас вчера.
7 ноќевања.

Немам нешто баш материјал за патепис, некако попензионерски си поминавме. Станувавме доста доцна (12 попладне), па по една плажа на ден.
Дронот го земав, не го ни полетав.

Ги пројдовме плаживе:
Trani Ammouda (La Luna Beach Bar)
Neos Marmaras (Deep Blue Beach Bar) и Fratelli Beach Bar (ова во два дена). Препорака за вториов.
Lagomandra
Toroni (Kafe-Yozeri Kastro)
Kalogria (Via Mare Beach Bar)

Во Каламици немаше место за паркинг НИКАДЕ, па се вративме до Торони.
Сакав до Лагониси да отидеме, се вративме до T. Ammouda. Препорака и за овој бич-бар (La Luna). Сенките се огромни, цените се ОК.
До делот кај Сарти (Orange, само Сарти, па и Тиганија) - не ни отидовме, нешто не ни се возеше 50 минути во 1 попладне. Да оставиме нешто и за некој продолжен викенд, догодина, здравје :)

Од финансиски детали, потрошивме околу 850 евра, сосе сместувањето од 420 евра (7 ноќевања по 60 евра).
Пројдовме околу 844km, си се вратив со горивото коа го ставив тука (резервоарот на Леонов е ~55L) и остана уште кусур, баш ќе видам колку.  Сум ставил 40L (околу 2800 денари или 45 евра).
Сме потрошиле 385 евра за двајца за сите други трошоци.

Е до патот до таму и назад, имам да споделам нешто.

Моја препорака е да се оди преку Liti - Agios Vasileos - Panorama (солунското Водно) - Thermi - Polygyros. 305km е од Marmaras до Штип по патов (преку Дојран).
Јас вака се вратив и мислам дека патот е подобар отколку преку Gerakarou - Sana - Polygyros (вака одев натаму).

Одење натаму:



Враќање:



На одење (19.08, понеделник) на граница бевме околу 13:30, немаше никој. Стигнавме во Мармарас околу 18:30 (наше време).
А требаше да тргнеме околу 8-9, беше премногу гужва и на двата ГП, па тргнавме подоцна.
На враќање (26.08, понеделник) на граница бевме околу 12:15 (тргнавме од дома во 09:15 по наше). Имаше 5-6 возила пред нас.

Нешто сликички, малку meh:

Импресиониран бев (како IT) со менито во La Luna.
Имаше и преку QR код и со NFC. Страната која се отвараше имаше премногу информации, фалеше уште онлајн порачка за да биде 10/10.
Може најдобро среден начин на порачка што сум го видел во грчки бич-бар.







Мармарас со „познатите“ ридови и долини:





Лагомандра. Третата слика ми е една од најдобрите слики што некогаш сум успеал да ги сликнам.









Kalogria:



Fratelli во Мармарас.
Moжеби најобилните порции во било кој бич-бар што го имам посетено.
На едно 40-50 метри од плажата видов и делфин како си игра. Се парализирав во глетката, не ми текна да го полетам дронот, а си играше сигурно едно 10-15 минути. Голем кикс.




Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8731 на: 31 Август 2024, 10:43:46 am »
На враќање идевме Корчула-Требиње-Никшич-Подгорица-Леже-Приштина-Скопје
Многу подобро поминавме,само 12 саати. На граници многу брзо поминавме,ама мистериозното Леже ни зема 2 саати, тргни/застани 30км.
2 саати е возењето низ Хрватска, 70-100 кмх, Босна патот живописен, исто темпо, Црна Гора гужва кај кружните токови околу Подгорица, Албанија со фамозниот автопат од 70км,и останатата гужва, ужас, Косово автопатот 90-140 кмх одличен автопатот,ама хаотично за возење од љунгите гастербајтери

По борд и по пумпа,ист просек,потрошени 71.5 литар

https://imgur.com/a/xkYBZDX

Заборавив,на одење ме казнија,се влечкаше еден кумановец на патот над Улцињ,и го поминав на полна,а црногорецот сокриен позади едно комбе,и жив ме упеца. Требаше 90 еур,ама со попуст, 34 еур ми пиша за неносење каиш
« Последно менување: 31 Август 2024, 10:49:25 am Leonid »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3553
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8732 на: 31 Август 2024, 12:52:01 pm »
На таа полна линија 3 пати го имам јадено, има едно дрво и кривина во лево, тука стојат мамата.
Еднаш казна платив, 2 пати по 2х10че во сообраќајна.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 723
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8733 на: 01 Септември 2024, 09:05:08 am »
Здраво дечки.
Дали некој ке оди до Икеа периодов ?
Ми требаат вратнички за Kallah ако може некој да ми донесе.
Фала однапред.
Поздрав

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8734 на: 01 Септември 2024, 12:08:46 pm »
987 на боксот во Геракини

Шеташе еден дечко со девојката разбацан, застана да пука на боксот, удри три пати испод 850 и после си ги собра рацете до тело кога продолжија да шетаат...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8735 на: 05 Септември 2024, 13:02:58 pm »
Сори за дупли пост!

Возел ли некој до Тирана низ Косово? Има ли ствари на кои треба да се внимава?

Радари, работа на пат, курчевити цариници? Колку е дозволена брзина, колку се глеа низ прсти за прекорачување?

Да носам ли ситни евра за разрешување конфликти?

Отсутен Stefan995

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8736 на: 05 Септември 2024, 13:31:15 pm »
Сори за дупли пост!

Возел ли некој до Тирана низ Косово? Има ли ствари на кои треба да се внимава?

Радари, работа на пат, курчевити цариници? Колку е дозволена брзина, колку се глеа низ прсти за прекорачување?

Да носам ли ситни евра за разрешување конфликти?

Последно имам возено до Тирана низ Косово лани летото.
Според мене, многу е полесен патот за возење преку Косово отколку преку Струга бидејќи најголем дел е автопат, а и побрзо се стига.

Во Косово речиси цело време е автопат и патарини на автопатот немаше (има места кај што треба да бидат, не се активни).

Низ Албанија до кај Лач е регуларен автопат, со што ограничувањата варираат од 80-90 до кај 120. Има доста кривини па треба да се внимава.
Работа на пат немаше, од аспект на брзина би бил комфорен со 20-30 плус од органичувањата. Радарска контрола еднаш имам видено, а имам патувано повеќе пати по овој пат (бар до Лач, пошто од тука и за Црна Гора е добро според мене). Некое евро ситно е секад добро да се има како бекап :D
Има една патарина која што е 5-6 евра.

После Лач е чудниот Албански автопат со кружни текови на него :D
Последно нешто што памтам беше дека само на влезот во Тирана од таа страна патот беше доста лош (со доста дупки).

Еве и линк до рутата. https://www.google.com/maps/dir/Skopje/Tirana,+%D0%90%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/@41.7957462,19.6845959,9z/data=!4m24!4m23!1m15!1m1!1s0x135415a58c9aa2a5:0xb2ed88c260872020!2m2!1d21.4254355!2d41.9981294!3m4!1m2!1d20.8187192!2d42.5554247!3s0x13537144b0e407cd:0xceae6369408da7d7!3m4!1m2!1d20.8044167!2d42.3548448!3s0x135399810294eb19:0xe1563df4f9f4bb18!1m5!1m1!1s0x1350310470fac5db:0x40092af10653720!2m2!1d19.8186982!2d41.3275459!3e0?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI0MDkwMi4xIKXMDSoASAFQAw%3D%3D
 

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8737 на: 05 Септември 2024, 13:38:40 pm »
Сори за дупли пост!

Возел ли некој до Тирана низ Косово? Има ли ствари на кои треба да се внимава?

Радари, работа на пат, курчевити цариници? Колку е дозволена брзина, колку се глеа низ прсти за прекорачување?

Да носам ли ситни евра за разрешување конфликти?
Оди си преку косово, автопат ти е 90% од времето, имаш еден тунел 5€ правец... Тури си 20€ пасош за секој случај ако планираш да возиш побрзо

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3553
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8738 на: 05 Септември 2024, 14:02:18 pm »
Топ ти е до Тирана преку Косово, една патарина 5еур по правец, е сега за возење низ Тирана ќе се воздржам од понатамошни коментари :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8739 на: 05 Септември 2024, 14:15:53 pm »
Земи си Golden Eagle

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8740 на: 05 Септември 2024, 14:43:56 pm »
Фала ви на опширните одговори, ќе се има ситни евра за возење комотно. Стварно не ми се вози по магистрали и планински превои со 60-70 на толкава дистанца, затоа решив да одам преку Косово.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7339
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8741 на: 05 Септември 2024, 14:59:30 pm »
Aко правите пауза во Албанија, само на NBT Oil, добро кафе, огромна бензинска, маркет, чисти тоалети. Полиција често знае да стои после граница.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8742 на: 05 Септември 2024, 15:08:34 pm »
Топ ти е до Тирана преку Косово, една патарина 5еур по правец, е сега за возење низ Тирана ќе се воздржам од понатамошни коментари :D
Од гостивар е он, научен е

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1372
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8743 на: 05 Септември 2024, 17:47:06 pm »
Јас дојдов преку струга се покајав, мислам утре за назад да цепам преку косово.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8744 на: 05 Септември 2024, 19:34:05 pm »
Преку косово. Автопат 90%. досадно да ти стане дури.
Ќе пишам пост кога ќе сум послободен.