После некое време читајки форуми и фб групи за грчка, така некако ми одмиле, па сега најблиска дестинација (а убаво место) ја гледам Будва. Дали некој е бил послените неколку години како е смештај и како е патот до таму? по малку истражување заклучив дека е подобро да се оде преку Албанија. Т.е. скоро пола пат е до струга од таму преку Албанија и во црна гора. Секаде шишуваат дека патот бил подобар од таму.
Планирам за 1 месец крајот на август да одам
Јас сум во Улцињ моментално, и идев преку Косово и Албанија. Околу 7 часа пат од Куманово, со чести застанувања заради помали деца, им се мочка на секои 15-30 минути, без да налетам на некоја поголема гужва на пат.
Во петок ке идам за Будва од тука, ама пак гледам дека 70км ке ги возам 2 саата, така да, ке има гужва. Смештај ако не си нашол порано е соленко, 180€ е од ноќ, така да, барај поефтини алтернативи секој ден, може и ке испадне нешто поефтино. Се одлучивме да го продолжиме одморот пред десетина дена, затоа и е поскапо претпоставувам.