До некаде би се сложил дека е мачно ако идеш со кола, особено ако си сместен на исток или горе на север.
- Kathisma - најпристапна (таму сум и сместен) - колата ти е до газ буквално, убава плажа, има полно барови
- Agiofili - една од поубавите плажи лично за мене, но доста скали, паркингот е 10€ и имаш гратис две пијачки за кои редовна цена е од 3€ па нагоре
- Egremni - најтешка, плажата е ок, скали милион, пат до кола заморен, исто како на ривјуата на гугл - да добиеш топлотен бран
Ammoussa - мала плажа, но убава, колата ти е до газ и е бесплатен паркингот, но мора порано да дојдеш за да фатиш место
- Milos - малку полесно од Egremni, но имаш доста пат нагоре, се паркираш долу пред шеталиште на Agios Nikitas - бесплатно, па тераш до таму прво по скали, потоа уште 500 метри планински пат
- Porto Katsiki - малку пешачење од кола и малку скали, подобар е бесплатниот паркинг (од рекла-казала) бидејќи не даваат фискална, па доаѓа друг паркинг редар подоцна и ти бара да платиш, а ти немаш доказ... Инаку плажата е голема и може слободно да ставиш лежалки, шатор, итн. Кај паркингот има трафика. Но денес има огромни бранови и не се пливаше скоро досега, бродови дојдоа 3, но само еден застана близу плажата, другите само направија круг бидејќи имаше огромни бранови и беше невозможно луѓето да скокаат од брод
Останува уште Megali Petra и Pefkoulia да се посетат.
Имам поминато за 6 дена околу 350км со два пати одење до Лидл (30км во двата правци) и еднаш до Нидри (60км во двата правци), останатото е до плажа.