Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1526597 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7845 на: 13 Јуни 2023, 08:48:26 am »
Меѓународната во Битола се вади без терми и без чекање, одиш на шалтер на амсм со слика и пари и завршуваш работа.

На шалтер одма даваат во АМСМ, само потврдата за забрана треба да ја извадиш од МВР кај возачките, ако не се смена нешто во меѓувреме.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7846 на: 13 Јуни 2023, 08:53:10 am »
Кога ја изваде за 760 денари? Јас вадев пред 3 месеци и ја платив ~1100 денари во ПП, до лани беше 950.

Исто да напоменам дека меѓународната важи 3 години или додека ти важи обичната возачка. Јас имам вадено меѓународна и со 2 месеци важност :)

Супер Ауто Контрол
Накај Кучевишка бара кога се оди. Мене секако ме носеше патот. Инаку до лани и Здружение на возачи имаа таква цена, ама и тие поскапеа.
Некогаш мвр знае да им кидне, така да најдобро ти е во близина некаде да извадиш потврда па директ истиот ден.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7847 на: 13 Јуни 2023, 09:00:43 am »
Толку ли поскапе меѓународната дозвола, накај 1000-че, јас последен пат кога вадев пред 5-6 години беше околу 400 денари, последните 3 години не вадев, идев онака, може е време пак да извадам
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7848 на: 13 Јуни 2023, 09:45:42 am »
Не се сеќавам дека некогаш била 400, барем во последниве 5-6 години. Јас вадам со години во АМСМ-Штип, секогаш беше 700-800.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6153
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7849 на: 13 Јуни 2023, 10:08:30 am »
Кога ја изваде за 760 денари? Јас вадев пред 3 месеци и ја платив ~1100 денари во ПП, до лани беше 950.

Исто да напоменам дека меѓународната важи 3 години или додека ти важи обичната возачка. Јас имам вадено меѓународна и со 2 месеци важност :)
Прилеп најскап во се...
Како оди процедурата? Мора сликчиња да си носиш сам?

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7850 на: 13 Јуни 2023, 10:13:10 am »
@balanar и јас не памтам некогаш да била 400 денари. За таа цена  пред повеќе години се вадеше полномошно за управување со туѓо возило.

@nestor04 само 2 сликчиња носиш и другото се средува директно на техничкиот, секаде има полицајци за потврдата да ти ја издадат одма.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7851 на: 13 Јуни 2023, 10:18:12 am »
Ја вадев пред 10 дена за у Швајцарија 950 денари е комплет за 10 минути све бидна. У Неготино па господата рекле потврдата се чекала 10 дена, среќа само за 3 завршија преку ред.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7852 на: 14 Јуни 2023, 10:48:02 am »
Не е толку страшно за парите, само ми делува ко многу трчање па сликај се па потврди барај па шо ти знам а е тотално непотребно нашите јужни "пријатели" уште да ни го бараат у 2023

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7853 на: 14 Јуни 2023, 10:50:15 am »
Не е толку страшно за парите, само ми делува ко многу трчање па сликај се па потврди барај па шо ти знам а е тотално непотребно нашите јужни "пријатели" уште да ни го бараат у 2023

Добро, не ја бараат ни тие, само во случај на срање.
Исто не ја вадиме само за Грција, сепак е меѓународна.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7854 на: 14 Јуни 2023, 10:53:13 am »
Истиот муабет за меѓународна се врти секоја година.

Технички, меѓународна ни треба. Дали џандар ќе ја бара или не е непотребен муабет. Во непријатна ситуација не сакате на џандарот да му дадете повеќе причини да ви прави проблем. И не дај боже да се деси некаков удес, а вас да ве водат дека сте биле без возачка.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7855 на: 14 Јуни 2023, 10:56:13 am »
Само за севернава дупка треба таков документ. И крштениче, венчаница, извод, крвна слика, умреница, крв од девица, мокраќа за да завршиш глупа работа.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7856 на: 14 Јуни 2023, 13:20:27 pm »
Мене досега меѓународна ми имаат побарано само еднаш, на Црногорска граница со Хрватска. Царинарниците одмараа не пуштаа коли и еден зад мене свирна. Цариникот се изнервира и дојде одма кај мене. Дај документи, дај зелен картон, дај полномошно за колава, дај документ за туристичка такса и се му дадов. Ми вика дај возачка и му ја давам националната, и ми вика дај и меѓународна :D

Не знам колкава е казната ако ја немав, но гарант ќе пишеше нешто на нервозата :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9228
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7857 на: 14 Јуни 2023, 21:58:18 pm »
Najverojatno bil granicen policaec, carinik ne bara vozacki dozvoli

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7858 на: 14 Јуни 2023, 23:39:57 pm »
Kakov e toj dokument za turisticka taksa?Prv pat slusam.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7859 на: 15 Јуни 2023, 07:36:55 am »
Kakov e toj dokument za turisticka taksa?Prv pat slusam.


Кога предтојуваш во Хотел или сместување,  хотелот/газдата мора да ти издаде сметка кадешто таксата за општината е посебно пресметана и платена. Ако си службено таму, нема такса за градот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.