Не знам кај да прашам, па ајде на темава.
Некој што бил до Лерин во поново време да препорача местенце за ручек и некој кафич за кафенце, претпоставувам покрај реката им се по-ин.
Најдов и јас нешто:
All Day Cafe Bar
Spitikon (за гиро)
Здравје, наредниот викенд сакав Битола да бидам, па да се спуштам кај јужниве соседи.
Ова ти е некое пофенси гиро, јас јадам цел живот кај нашио, Јани ако не е таму некој друг од подома ќе е пред скара,немора да си го кршиш јазикот, лафат наше подобро од нас, Obelix се вика на почетокот од шеталиштето е, највкусни ми се таму гирата, местото е за земање амбиент за заседнување нема, освен ако сакаш да си лафиш нашки, кога бев дете имаше и од дива свиња гиро дека ловџија газдата, таму сите се нашинци шо седат, егејци

Скара одма накарши има кафанче, исто наш, Павле исто на нашки и тука, со тенди е за на кај реката улицата шо оди кога ќе излезеш од Обеликс, сме се пијанеле/печеле прасиња диво, чорби/печурки и шо не таму. Ресторан фенси не барај, се е вака на база кафанче/биртивче. За кафе имаш еден куп низ шеталиште, Микел имаш долу близу реката, нагоре има повеќе, јас претежно сум одел во Goose cafe, под школото е одма на река. Долу кај шо завршва корзото има едно на еден ќош за благи работи, не знам како се вика само, ама ми носат стално родбнините кога идат на гости од тоа место и топ се благите.



Sent from my SM-A202F using Tapatalk