Јас пред некој ден се вратив од Крф.. Годинава со туристичка агенција главна причина ради тоа што бмвто неможе да се качи на траект

а и не ми се вози ваму таму кога од самата агенција по 20тина евра има организирани екскурзии и прошетки..
Бевме сместени во Ипсос на главната улица, плажите на 30 метри..
Цените ваљда се покачени од предхнодните години.. Скутер 50цц да изнајмиш 35 евра од ден, минимум 3 дена.. Кафиња 4/5 евра, гиро 3.5е мало, 5е. големо.. Пица 12-15 евра, шпагети 12-15е, хамбургери 8е.. Лежалки на подобрите места беа 25евра за пар, на некој имаше бесплатно цел ден со купена пијачка.. Цените во маркетите си се нормални, некои работи и од кај нас поевтини..
Сместувањето 7 ноќи 8 дена, автобусот и траект 200 евра по човек..
Во 8 дена полиција не сретнав, не се почитуваат никакви закони и правила, сите летаат поготово со скутерчињата... паркинг никаде не се наплаќа, 5 пати ќе ме изгазеа на пешачки, 2 пати на тротоар.. А во меѓувреме бев сведок и на преку 5/6 сообраќајки... Во овој период повеќето туристи беа итаљани.. најнеписмен и најнекултурен народ што имам сретнато..
Плажите не се нешто нај нај средени, водата секаде чиста и топла, островот има многу места што вредат да се посетат, balanar веќе преднохно има раскажано па да не се повторувам...