Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1528436 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7680 на: 05 Септември 2022, 16:58:14 pm »
Цитат
Секаква препорака за смештајов и локацијата, преблиску до градот и блиску до главните патишта за север, запад и југ.

Ако е позитивно да биде блиску до градот, преблиску има негативно значење.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7681 на: 05 Септември 2022, 17:00:32 pm »
Преблиску за возење до - од, затоа и пишав понатака во истата реченица за другите патишта.

5 минути возење е преблиску, а доволно далеку од гужва и галама. Не гледам причина зошто би имало негативно значење да си на 5 минути возење од најживото место на Закинтос.
« Последно менување: 05 Септември 2022, 17:05:35 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7682 на: 05 Септември 2022, 17:04:32 pm »
Преблиску за возење до - од, затоа и пишав понатака во истата реченица за другите патишта.

5 минути возење е преблиску, а доволно далеку од гужва и галама. Не гледам причина зошто би имало негативно значење да си на 5 минути од најживото место на Закинтос.
И сега, тие 5 мин се позитивна или негативна работа за сместувањето?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7683 на: 05 Септември 2022, 17:06:17 pm »
Не знам што да ти кажам, прочитај ми го пак првичниот пост и контекстот на истиот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7684 на: 05 Септември 2022, 17:14:19 pm »
Го прочитав, и затоа те прашувам што сакаш да постигнеш.
Да нагласиш као супер погодност?
Ако ти била таква намерата ти посочив дека си утнал.

Отсутен goran2406

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7685 на: 05 Септември 2022, 17:19:01 pm »
Друже, дај не го тупи  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7686 на: 05 Септември 2022, 17:26:20 pm »
Друже, дај не го тупи  ;D
Не го дупам, сериозно разговараме :)

Ако некој ми препорачува ресторан во кој кременадлата била препечена, салатата пресолена, еклерот бил преблаг, музиката прегласна, масите преблиску поставени...што треба да помислам?


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7687 на: 05 Септември 2022, 18:35:35 pm »
Боже сачувај.
Не си ти крив, јас сум глуп што упорно влегувам во непотребни конверзации со тебе со муабети што си ги вадиш од газот, извини вака.

Ваков муабети како погоре само ти можеш да свртиш на форумов и да си тражиш дискусии онаму каде што не постојат. Сам си толкуваш (иако е напишано скроз обратно), сам си вадиш заклучоци кој и како рекол, што мислел, што било позитивно, што негативно и како тоа ако бев напишал блиску до градот ќе било позитивно, а тоа што сум напишал преблиску било негативно. Комедија или трагедија ти се постовиве и прашањата.
Да отворам анкета кој како ми го сфатил постот за близината на градот - 99% од одговорите ќе бидат обратно од твојот. И ова кажува за тебе и твојата желба за тупаџиски дискусии.

Одмини ме понатака додека форумов не згасне или додека еден од нас не си замине од овде, те молам. Немам ни време, ниту желба да влегувам во глупи дискусии.
« Последно менување: 05 Септември 2022, 19:14:36 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7688 на: 05 Септември 2022, 20:01:24 pm »
Само основоположник на модерниот македонски јазик може да каже дека претерувањето во јадење гомна не доведува до прејадување :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7689 на: 15 Септември 2022, 14:54:50 pm »
@Filip MK
Ветено - сторено.

Мал осврт на Ситонија (импресиите се од 2018), па можеби малку се outdated, ама за плажите не верувам 😊
Првиот пат бев на викенд средината на јуни, а вториот пат на 4 ноќевања околу Илинден.
И двата пати бев сместен во центарот на Сарти, во сместувањето Elefteria House коe се наоѓа овде:

https://goo.gl/maps/fo4a4Nr2GA1vWtD88

Не се сеќавам колку плативме, мислам дека беше 45 евра за тројца во јуни, а 60 евра за тројца почеток на август. Паркинг имате околу куќата која е на 2 спрата (приземје и први кат), па е доста лесно за симнување и качување секојдневно, како и за багажот. Имате увид и врз колата, јас колата буквално ја паркирав под терасата на приземје.
Не знам како е сега, ама тогаш беше прилично meh внатре (но чисто). Со дрвени кревети и плакари, ама сместувањето е на 50m од плажата, па се враќав да мочам, што се вика.
Aко сега е подновен инвентарот, мислам дека пак би се вратил во истиот смештај. Или би сменил локација, па би барал сместување во Neos Marmaras.
Веднаш до сместувањето има палачинкара во која правеа превкусни благи и солени палачинки, посебно првите.
Mostra Creperie Cafe:

https://goo.gl/maps/FQB2opJLgy188P6q9

За Сарти морам да напоменам - пазете се од плажата, редовно се дават туристи. Има ветер доста често со големки бранови, а знае да се појави и rip current, па луѓе се дават од паника и незнаење. ОБАВЕЗНО ако летувате во Сарти и пливате на тамошната плажа, прочитајте како да се справите со rip current.
Кога бев таму, не бев свесен за овој факт со струјата, па после извесно време кога случајно се информирав ме полазија морници. За ветерот и брановите - сам се увидов.

Од места кои ги посетивме и прошетавме навечер беа секако Сарти и Neos Marmaras. Сарти e ОК место како за еден одмор, но Мармарас е доста поживо и поурбано место. Но и доста побрдовито.
Ако би споредил со македонски градови и села и нивната „живост“, Sarti е нешто како Демир Капија, a Neos Marmaras како Делчево/Берово.
Нареден пат би сакал да прошетам навечер и до Никити.

За пазарување имате AB Vassilopoulos, Masoutis и Lidl, па ко воли - нек изволи.
__________________________________________________________________________________

Плажи

Ние успеавме да ги видиме (за двете одење) плаживе подолу, ги пишувам рангирано.
Од сите нив, се вративме повеќе пати на Tigania, Orange и Mega Portokali.

- Tigania Beach
- Orange Beach (десниот дел)
- Mega Portokali Beach (левиот дел)
- Lagonisi Beach (Lagonisi Beach Bar)
- Sarti Beach
- Kalamitsi Beach (Chica Beach Bar)
- Kalogria Beach (Mango Beach Bar)
__________________________________________________________________________________

Од оние плажи што би сакал да ги посетам нареден пат на Ситонија се следниве:

- Klimataria Beach
- Vourvourou Beach
- Trani Ammouda Beach
- Psakoudia Beach
- Nikiti Beach
- Toroni Beach
- Porto Koufo Beach (каде имало база за германски подморници во II Светска Војна и е најдлабокото пристаниште во Грција, претпоставувам дека е фантастично за нуркање)
__________________________________________________________________________________

Да споделам некои фотографии во 360 степени:

Sarti Beach:
https://goo.gl/maps/ctLry3XjU6ZX7CpD9

Tigania Beach:
https://goo.gl/maps/YtJFZ4bp5qiUCLEDA

Orange Beach:
https://goo.gl/maps/Lritj1PXk5eGGjKXA

Mega Portokali Beach (не е моја сликата):
https://goo.gl/maps/L9ibC4BCc5fVzrjh8

Lagonisi Beach (Lagonisi Beach Bar):
https://goo.gl/maps/ViaBuXoCo6vuF4su7

Kalogria Beach (не е моја сликата):
https://goo.gl/maps/rd7gp7VWYxafE4MX9

Kalamitsi Beach (не се мои сликите):
https://goo.gl/maps/U249U5pj1oNzLBJX6
https://goo.gl/maps/1x9KYCT7pju7FQNt6
__________________________________________________________________________________

Слики

Sarti Beach


Orange Beach




Tigania Beach








Lagonisi Beach



Kalamitsi Beach


Sarti (најлево видиковец)



Neos Marmaras



__________________________________________________________________________________

Да бидам искрен, може описов е малку штур и не е на „нивото“ како што успеав да напишам за други дестинации, но сепак станува збор за сумирани информации од пред 4 години, на две одења.
Преубави плажи, топла вода и чувство дека си на остров, иако си на 40-тина километри од гужвата и бучавата наречена Касандра.
Ситонија добива секаква препорака да се помине убав летен одмор од 8+ ноќевања. Со девојка, фамилија или како и да е.
Мислам дека ќе и се вратам некое лето затоа што навистина заслужува, блиску е до Македонија и имам баш добри спомени.
« Последно менување: 15 Септември 2022, 15:00:48 pm balanar »

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2617
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7690 на: 15 Септември 2022, 15:15:38 pm »
Мое следно идење во Грција би сакал да одам на вториот крак, баш добри фотки и панорами за ориентација како изгледаат плажите, мене би ми одговарале пошироки плажи заради семејството, само здравје
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7691 на: 15 Септември 2022, 15:39:40 pm »
Многу поубави и порелакс плажи има на втор крак, за разлика од првиот. Како две различни мориња да се, а не само 15-20 км оддалечени. Сум престојувал во Никити неколку пати, одлично место за посета на неколку супер плажи во близина, од истата но и од другата страна на кракот. Плус има одлично шеталиште, со таверни, гиро, сладолед, играчки за деца и сл. Неос Мармарас е исто убаво место, но брдовито, па со деца би го избегавал. Пред него е населбата Парадисос, препорака за таму. И за ептен лежерен фамилијарен одмор го препорачувам Торони, одлична плажа, 2-3 убави бич барови со сенка на самата плажа, водата е многу чиста и јас последниве 2 години истерав супер одмори таму. Од Торони не е далеку и Каламици за да се смени малце, ако има некој потреба. :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2177
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7692 на: 15 Септември 2022, 16:26:27 pm »


Каламици


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7693 на: 15 Септември 2022, 16:44:53 pm »
Јас бев годинава во Ситонија, 9 вечери од кои 7 во Сарти, 2 на камп во Арменистис.

Се потепав од возење, 1150 километри поминав вкупно ;D

Се погоди 2 вечери да врне, па од Сарти надоле плажите беа буквално неупотребливи, ветришта 30 км/ч, бранови огромни, па се фокусиравме на плажите нагоре од Сарти.

Paradise Kavourotripes Beach, мала со 70% од плажата со лежалки, 30% слободно за нормални луѓе. Убава плажа, убав крупничок песок, топла вода, интересна околина.

Portokali Beach - гужва беше, не се спуштивме до доле.

Sarti градска плажа, кон крајот на Sarti - мирно, раат, ветренце дуфкаше, вода не чепнавме ради брановите.

Плажи што ме воодушевија:

Karydi Beach - прекрасна тиркизна боја, топло, без ветришта, без преголеми гужви, или плажата е таква големка па си имаш свои катчиња за одмарање и муабет. Мазни камења и карпи, лепота од пејзажи.

Armenistis Beach - совршенство. Голема, широка, долга плажа, место за сите, вода топла, плитка, кридтално чиста, прво крупен песок, после ситен песок.

А кампот... Без зборови. Едно ѓубренце ни на плажа, ни по уличките во кампот.
Супермаркет внатре, бич бар, кафич, сендвичара, тоалети чисти со топла вода, сите плацеви со сенка (дали природна дали вештачка), и општо чувство на мир, спокој и тишина. Со девојката се согласивме дека те обзема чувство дека напушташ друга држава кога правиш чекаут од камп.

Ќе истерам цел одмор само со кампување, зошто апсолутно ништо не ми фалеше од услови.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7694 на: 15 Септември 2022, 17:49:38 pm »
Многу поубави и порелакс плажи има на втор крак, за разлика од првиот. Како две различни мориња да се, а не само 15-20 км оддалечени. Сум престојувал во Никити неколку пати, одлично место за посета на неколку супер плажи во близина, од истата но и од другата страна на кракот. Плус има одлично шеталиште, со таверни, гиро, сладолед, играчки за деца и сл. Неос Мармарас е исто убаво место, но брдовито, па со деца би го избегавал. Пред него е населбата Парадисос, препорака за таму. И за ептен лежерен фамилијарен одмор го препорачувам Торони, одлична плажа, 2-3 убави бич барови со сенка на самата плажа, водата е многу чиста и јас последниве 2 години истерав супер одмори таму. Од Торони не е далеку и Каламици за да се смени малце, ако има некој потреба. :)
Прв крак само паљури, другото е се тиња

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)