Некој што бил надолу по Ionia Odos (од Јанина до Патра), да предложи добри одмаралишта? Младен сега имаа патрола баш до Килини (одеа за Кефалонија, јас ќе одам за Закинтос), ама спомнаа само едно одмаралиште веднаш после исклучувањето кај Јанина каде купија FreePass Tag:
https://maps.app.goo.gl/bvnWfsJjY9wsbqrR9Интересно што FreePass-от е бесплатен како уред, само треба да ставиш кредит. Се надополнува онлајн. Важи за сите патарини/мостарини низ Грција. Не можам да го купам на одење бидејќи ќе возам доцна навечер, на враќање здравје ќе гледам да земам.
По Egnatia Odos (до Игуменица) ги знам поголемите одмаралишта.
Последен пат кога го возев Ionia (2017 кон Лефкада и 2018 кон Лефкада/Кефалонија), уште го правеа и немаше ништо. Возевме по некои беспаќа и по тој магистралниот.