Во Албански стил.
Возачка култура непостоечка, се вози до 5000е некоја канта, овие живеат Албанија, и другите се над 50000е Ленд ровери и Мерцедеси. Овие ти се работниците во странство, и си идат летото да ти покажат кај ти е местото. Првенство има тој со поскапа кола. Полиција има како во Багдад, насекаде со калашникови, остава газдата на шеталиштето Мерцедесот со 4 жмигавци, ништо не му можат, ти да се плашиш прописно ако паркираш, на некој местото да не си му го фатил.
Јазик знаат сите освен Албански, Косовски евентуално ако има разлика.
Ѓубре насекаде, буквално, две улици направиле за сликање Валона. Влегов во некој чикмак да не правам полукружно ко некој сељак (улав и јас), влегување ко во некое гето, сега мислиш ќе те испукаат, а на слики Мајами крајбрежјето.
Плаќам лежалка во склоп на Хотел, немаат ВЦ, одиш во ресторанот до него, ти вика вц само за гости изнервирано. Му мочав на зграда, така изгледа треба.
Во заливот водата е исто како охридско, само солена, преку планина е почиста ама затоа сите се камени и длабоки, за дете кај не можи да влези, па ќе ја искрши и кантата во обид тврдина да направи. Носете си метални алатки.
Само преку планина полабаво, Валона ако влегуваш секој ден во кола само ќе се нервираш.
Па и спортски терени и велосипедски патеки му направиле. Хахахха абе тие улај се, на точак те видат матуф ќе те направат, ако не те изгазат во меѓувреме.