Вчера си дојдов од Врахос и да споделам некое инфо.
Сместувањето го најдов преку никиана.гр
https://nireusrooms.eu/apartments-vrachos-beach/ . Секој ден се чистеше и менуваа крпи,постелнина на 4 дена.
Сопствениците беа екстремно љубезни,газдарицата Германка а сопругот Грк.
Во склоп на објектот има ресторант и сопствени лежалки.Фрапе со флаширана вода чинеше 3е,Хајнекен-Амстел 3е,Митос 0.5л 4е,пиците се движеа од 7е па нагоре,клуб сендвич 7е (доволен за двајца добро да се најадат).
Прв пат во Врахос бев во 2016 година,во 2019 бев сместен во Амоудиа но на два пати бев на плажа во Врахос,за разлика од тогаш сега имаше многу повеќе Срби и Македонци,но далеку помалку народ отколку пред коронава.
Тука најдобро се гледа тиркизот на водата,занемарите ја Германката.
На кратко ја прошетав и Превеза,позитивни импресии.
Еднаш бев до плажата Лихнос,паркинг 5е,2 лежалки 7е.Одлична плажа со тиркизна вода.
Не може да не се посети и Парга,прекрасен град,динамичен и жив со многу народ од цела европа.Во 2015 бев сместен во Парга,во 2018 и 2019 бев сместен во Амоудиа но посетата на Парга е неизоставен дел.Плажата ПисоКрионери веднаш после градската Крионери е одлична мала плажа.Плажата Валтос веднаш после тврдината во Парга исто одлична урбана плажа.За паркинг во Парга навечер во сезона можам да кажам само ГудЛак,едно 30 мин вртев наоколу за на крај да чекам да излезе некој од паркингот,да се ослободи место.Цената за 12ч паркинг е 5е,се паркирав во 21ч и госпожата ми рече дека цената е до 9ч наутро.
Патот до овој дел на Грција е уживање да се вози,има некои си 55-60 тунели,на враќање сопругата ги изброја 57 ми се чини.Вчера си тргнавме во околу 7:15 по наше време,застанавме на 15 мин.пауза и долевање на гориво во Страта пред Гревена,на Грчката граница поминавме за некои си 15-20мин,15-20 мин се задржавме на Фри Шопот ,на Македонската граница се задржавме 0 минути,ниту проверија пасоши ниту ред чекав, во Кавадарци бев во 12:20.На некои места се возеше и по 170-180км/ч.
Се на се поминав 1150км.