Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1521715 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6720 на: 28 Јуни 2021, 11:55:41 am »
Ако сакаш за ефтино, поефтино од Албанија нема, па и со кампови шатори, со ќар можи ќе се вратиш дома.

Ама реално, плажите се исти од Ллонгара прелазот до Химаре каде што бев, сите се со камења и средно длабоки. Водата чиста, ама затоа ѓубрето никој на плажа не го чисти.
На југ претпоставувам слична е работата до Саранда/Ксамил.

Теренот за кола е уби боже, ако не си сигурен или тргнуваш со пола дефект, тој цел ќе се направи. Слези, качи се, 10% / 15%.
Па и до Ѓипе паркингот имаш 2.5км еднонасочна улица со проширувања на 200м за разминување, каде 35 степени па и напнат 500.

Подобро оди на Ѓири и Аквариумит, ама во топ сезона во 15м плажа како кинезите вбазен ќе бидите.  ::)

Не знам дали да пишувам уште па ако има некој интерес ќе напишам малку поќе, со слики.

То е, чим имаш резервирано, ќе имаш доживувања за кажување.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6721 на: 28 Јуни 2021, 11:57:32 am »
Напиши, напиши, да видиме. :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6722 на: 28 Јуни 2021, 12:02:13 pm »
Пиши слободно, не гледаш да се жалиме :)

Инаку да, не бевме нешто многу пријатели со џебот летово поради други патувања, ама мислам дека скроз поволно го начекавме сместувањето - 150еу за 7 дена за двајца, со резервиран паркинг за колата. После ова, дефинитивно нема да одиме во Ѓипе

(Ова ме потсети на патувањето во Будимпешта кога сакавме да го посетиме најпознатиот кафич - Szimpla Kert и имаше може 100тина пијани британци што сакаа да влезат. Не фала  ;D)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6723 на: 28 Јуни 2021, 12:16:22 pm »
Одмор одмор кога одмор, ама translate na албански ти е превод за патиштата низ Албанија :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6724 на: 28 Јуни 2021, 12:27:13 pm »
Со деца не се оди на одмор, со деца се оди на летување :)

Баш поради тоа ја мразам темава...

Е, ај сега опрајте стар чоек како да се снајде у Охрид, а да не е заг'зник од 20м2.
Ќе ми пукне филм, ќе одебам у Метропол, само раат да сум тие денови :))))
Ако не си стриктно за градот Охрид, препорака за https://g.co/kgs/yY5tQ5

Апартманите се мали (макс. 2 возрасни и две деца), ама имаш трем и огромен двор. Плажата е на 5м од вратата за излез . Водата е релативно плитка и брзо се стоплува. За со деца е ептен погодено.

@savage Ова баш изгледа ок, има некое продавниче во близина на куќата? Колку отприлика би се движела цената за ова, од исксутво?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6725 на: 28 Јуни 2021, 13:40:44 pm »
Продавничка има во кампот, 5 мин пешки. За со кола имаш и горе во селото и кај св.Наум.

Цената е 30еур од ден.
Потпис.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6726 на: 28 Јуни 2021, 17:04:49 pm »
До лани можевме да го користиме бенефитот што малата не одеше на училиште и можевме да одиме крај на август и почеток на септември, не е толку жешко а и цените беа понормални за тој период (за Грција/Халкидики зборувам). Ама од овој септември тргнуваме на школо и мора да се гледа нешто во грч сезона, а гледам и цените ги појачале од минатите сезони. Некоја препорака за прв (сме биле Полихроно 3 пати и Афитос) или втор крак, за место/вила до кај макс 50-80 м од плажа. Да не бил некој Геракини (втор крак), Флогита (прв крак), Дионисиос (не знам точно каде е, мислам на прв крак).....
Баш на Инстаграм и Фејс ми излегоа денес меморис дека пред 5-6 години сум бил на викенд во Флогита, океј местенце ама комарци имаше еден тон, цел со пликови се вратив


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6727 на: 29 Јуни 2021, 03:13:09 am »
Дечки, вие што ќе одите во Албанија летово, да се оди преку Струга или Косово, споделете искуства.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6728 на: 29 Јуни 2021, 08:36:30 am »
Зависи каде сакаш да одиш. Ако одиш доле на југ кај Саранда, Ксамил, Ѓирокастер тогаш преку Ќафасан, Струга (со среќа преку Кичево).

Ако одиш погоре, над Валона, Драч, Тирана, тогаш преку Косово, имам прочитано дека не е толку лош патот.

Јас ќе одам преку Грција, граничен премин Какавиа, ама ги имам предвид и Ќафасан и Кристалопиги, чисто како џокер, да не им текни дека не смеам тука да преминувам.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6729 на: 29 Јуни 2021, 10:28:33 am »
Дечки, вие што ќе одите во Албанија летово, да се оди преку Струга или Косово, споделете искуства.

Ако одиш Ксамил и си вакциниран, јас би ти препорачал преку Грција. До Игуменица скоро цел пат ти е автопат. Јас кога одев пред 5-6 години, од Игуменица до Ксамил имаше и макадам 2-3 км ама не беше страшно. Досега можеби е направен и тој пат. Нормално макадамот можеше да се избегни, само требаше да вртиш околу плус некој километар.

Ако не си вакциниран, тогаш како што ти кажа dbl.dzo
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6730 на: 29 Јуни 2021, 12:09:04 pm »
Продавничка има во кампот, 5 мин пешки. За со кола имаш и горе во селото и кај св.Наум.

Цената е 30еур од ден.
Не е слободно од 2 до 10 август, инаку скоро ја прецртав Грција, ќе пробам нешто друго да побарам. Јас не ги знам местата ама тоа што ми останало во глава е дека за деца само во Љубаништа. Не знам Пештани како е за мали деца.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6731 на: 29 Јуни 2021, 12:14:28 pm »
Мене ми истекол пасошот во Фавруари.




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6732 на: 29 Јуни 2021, 12:15:14 pm »
Си се спасил ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6733 на: 29 Јуни 2021, 12:16:05 pm »
Мене ми истекол пасошот во Фавруари.





Ти важи до нова година ужувај :D

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6734 на: 29 Јуни 2021, 13:51:11 pm »
Продавничка има во кампот, 5 мин пешки. За со кола имаш и горе во селото и кај св.Наум.

Цената е 30еур од ден.
Не е слободно од 2 до 10 август, инаку скоро ја прецртав Грција, ќе пробам нешто друго да побарам. Јас не ги знам местата ама тоа што ми останало во глава е дека за деца само во Љубаништа. Не знам Пештани како е за мали деца.
Овие се одма до првите што ги пратив. Според мој впечаток се доста позбиени и не се толку средени. https://www.facebook.com/kajVangel/

И по патот накај плажата од лево и десно има неколку што изнајмуваат соби/апартмани. Само од нив немам контакти.
Потпис.