На тема одмор:
Јас претпочитам нешто помеѓу класниот и бандалар. Кога немав оформено семејство, од пример 9 дена 6 дена акавме на скутер/кола на 2 плажи дневно, една претпладне, една попладне. Другите денови, одмор.
За мене најдобар летен одмор е оној од 6 саат попладне на плажа, доволно ладовина има во воздухот а песокот е сеуште топол. Пивце, гледање во море и тоа. Не го претпочитам делот од денот каде е мн топло.
Сега со фамилија, за мене нема одмор. Но, важно ми е дека на нив им е забавно. Нема ни кафе/пиво, седнување во ресторан е невозможна мисија. Додека пораснат, тоа е и јас си помирен со тоа, гледам да си поминам со нив што е можно поинтересно. Кога бев мал, јас бев тој по кого трчаа моите, сега мене ми е редот. Тоа е кругот.
Секој нека си ужива во она што му прави задоволство, позадоволни клабери, помалку нервози на тастатура.