Златен, џабе ќе пишуваш во твојата тема, веќе делува твојот дефект да ми влее страв за тргање.
Бај д веј, блиски извори кои се во моментално во Саранда, Албанија, ми кажаа дека патот бил одличен и да ги тргнам сите предрасуди што ги имам за тамошната инфраструктура. Најлошо мислам дека ќе поминам Скопје - Струга преку Стража и Пресека.
Земи фати накај Црна Гора, што бараш Саранда/Ксамил?! Јас бев пред 5-6 години и не ме бендиса (добро сепак вкус е, секој има различно мислење), не верувам сега да е сменето нешто. Знам дека ако си мераклија на морски плодови, многу добро ги спремале. Ова е кажано од луѓе што имаат многу пробано, јас не сум некој репер за да кажам лично искуство.
Впрочем денеска одев за Ц. Гора преку Албанија и можам да кажам дека патот е солиден. Подобар од Прилеп-Градско. Смоле ме задума пред некој ден ко кажа дека е лош патот, но не видов некоја мака. Вистина е дека има ниски ограничувања, но си начекуваш некој чистач пред тебе и шибаш
Башка само на едно место имаше полиција, кај Лач, што не значи дека не стојат и на други места. Тирана ја поминав без гужви кај 7 и 30.
Во однос на возењето, автомобилски форум сме, што се 400-500 км (не зборувам за автопат, таму и 1000 не се многу) во правец
Јас не правам паузи и немам мака, засега. Ако ти се приспие, ти се смачи или имаш мали деца со разно-разни барања, застануваш на бензинска, дремнуваш 30 мин, пијаш кафе и шибај.