Ова на одмор ти личи ?
Да, зошто?
Одмор за мене не е една плажа во денот и прибери се во смештајот. Две ми е идеално, да речеме. Со некоја знаменитост, интересно барче/ресторан измеѓу.
Претежно околу 11 излегуваме на плажа, а се враќаме различно. Во зависност од расположение.
Ако плажата е на запад - уште поубаво со зајдисонце.
За мене една од најубавите глетки и смирувања во животов е како полека ,,тоне" сонцето во водата, далеку на хоризонтот. Сето тоа придружено со звук на тивки бранови и смирена плажа, со последните туристи кои се пакуваат и си одат. Нормално, предуслов е плажата да е без бич-барови.
Многу ретко (секогаш на летен одмор, сепак ретко кој живее покрај море/езеро/океан) ги доживуваме со очи и уши овие моменти кога денот преоѓа во ноќ, во таква атмосфера. Не знам, мене ми е магично и мистично. И преубаво.
Нешто овака, Тасос:
Ќе се прибереш во 21, ќе јадеш нешто, ќе се истушираш и ако си преморен, уживаш на тераса/во двор, исклучиво со поглед (и звуци) на вода. Наредниот ден ќе си дојдеш малку порано ако ти се излегува на прошетка.
Јебига, секој со своите преференци.
Никогаш нема да ја разберам поентата на одмор во смисол: појди на плажа во 10, испечи се цел ден таму, прибери се во 6-7 навечер за да се истушираш, да одмориш и да излезеш СЕКОЈА вечер на истото шеталиште.