Пред една недела се вратив од одмор, па да напишам збора два, пошто јужна грција ретко кој оди, поточно на Пелопонез.
Бевме сместени во Каламата 4 ноќи, потоа 3 ноќи Неаполи Воион, и на бегање 1 вечер Патра. Со сопствен превоз, сместување букинг.

Патот до Каламата е автопат до Патра, и потоа да скратиме километри и патарини одевме од левата страна на мапата, каде едно 150км беше, ескпресен пат меѓутоа, нерамен, крпен ама се вози 100-ка. 31€ патарини, и виа мишелин е прилично точен.
Каламата како град не го препорачувам, средено му е само таа шопинг улицата од 1км, ама останатите улици се неодржувани, треви од тротоари бандери, лисја од лани насекаде каде има дрва. Кејот полн со ресторани, и градска плажа со аква реквизити, лизгалки, тобогани и сл. Меѓутоа поубавите плажи беа на 1 час возење лево или десно од градот.
Посетени беа од плажи, Воидокилиа, Фонеас, Акрогиали, Делфиниа и една локална таму:

Фонеас

Акрогиали

Потоа се тргна за Неаполис каде со фериброд одевме 2 пати на Елафонисос, па да скратам километри, се испикав во едни планини од 0 на 1300мнв каде на спустот имаше вакви тунели:

Инаку патото во јужниот дел каде нема автопати е солиден:

Градот Неаполис беше исто така чорба, како поголем демек, ама ништо посебно, градот на островот беше повеќе туристички и поубав, помал, и со повеќе кафанчиња за јадење, пиење, гиро има, цените слични грчки.
Неаполис Воион

Пред островот Елафонисос има убава плажа, и паркинг од солено плато, каде можите да ги дрифтате вашите бенвиња и мерцедеси до бесвест.


Цена на ферибродот е 1€ на чоек и 11€ за кола, по правец, не треба резервации пошто е блиску и врти на секои 30 минути.

Св. Спиридон?

Елафонисос

Потоа на осторовот ги има најубавите плажи на Пелопонезот, каде и јутуб ги дава, и тука е шемата,
инстаграм инфлуенцерите тука идат, слики да фрчат на сите страни. Плажата Симос, и Като Ниси вистина беа убави, големи со чиста вода бел? песок и постепено задлабочување.
Симос


Като Ниси

Другиот ден само што заминавме се запале островот.

На бегање го видовме и Коринтскиот канал, итн...
Впечатоци:
Пелопонезот е огромен, и плажите се надалеку, луѓето беа тапа, на моменти се осеќав како во албанија, не знаеа англиски постарите луѓе а богами и некои помлади (пумпашот), и менија некаде имаа само грчки. Туристите беа претежно домородци, и во цело патување видовме само една скопска кола и тоа на островот, и една српска. Имаше и по некои англичани, италијанци, скандинавци и французи. Балкански јазик не слушнавме, освен еден пар со мотор од словенија. Гирото беше мало и кошташе 2.4-2.8€.
Ако ви се оди на одмор натаму, одете дирек на островот, се друго одоколу не вреди, освен ако сте таксист и сакате одморот да го помините вкола.
Поминати беа 2250км, со 59км/ч просечна брзина и убедливо најспор на автопатите со 110км/ч. Квалитетот на 53л грчко гориво не го осетив.