Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1526465 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6813
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6180 на: 17 Август 2019, 11:57:41 am »
Пред една недела се вратив од одмор, па да напишам збора два, пошто јужна грција ретко кој оди, поточно на Пелопонез.
Бевме сместени во Каламата 4 ноќи, потоа 3 ноќи Неаполи Воион, и на бегање 1 вечер Патра. Со сопствен превоз, сместување букинг.



Патот до Каламата е автопат до Патра, и потоа да скратиме километри и патарини одевме од левата страна на мапата, каде едно 150км беше, ескпресен пат меѓутоа, нерамен, крпен ама се вози 100-ка. 31€ патарини, и виа мишелин е прилично точен.

Каламата како град не го препорачувам, средено му е само таа шопинг улицата од 1км, ама останатите улици се неодржувани, треви од тротоари бандери, лисја од лани насекаде каде има дрва. Кејот полн со ресторани, и градска плажа со аква реквизити, лизгалки, тобогани и сл. Меѓутоа поубавите плажи беа на 1 час возење лево или десно од градот.

Посетени беа од плажи, Воидокилиа, Фонеас, Акрогиали, Делфиниа и една локална таму:


Фонеас


Акрогиали


Потоа се тргна за Неаполис каде со фериброд одевме 2 пати на Елафонисос, па да скратам километри, се испикав во едни планини од 0 на 1300мнв каде на спустот имаше вакви тунели:



Инаку патото во јужниот дел каде нема автопати е солиден:



Градот Неаполис беше исто така чорба, како поголем демек, ама ништо посебно, градот на островот беше повеќе туристички и поубав, помал, и со повеќе кафанчиња за јадење, пиење, гиро има, цените слични грчки.

Неаполис Воион


Пред островот Елафонисос има убава плажа, и паркинг од солено плато, каде можите да ги дрифтате вашите бенвиња и мерцедеси до бесвест.





Цена на ферибродот е 1€ на чоек и 11€ за кола, по правец, не треба резервации пошто е блиску и врти на секои 30 минути.



Св. Спиридон?


Елафонисос


Потоа на осторовот ги има најубавите плажи на Пелопонезот, каде и јутуб ги дава, и тука е шемата,
инстаграм инфлуенцерите тука идат, слики да фрчат на сите страни. Плажата Симос, и Като Ниси вистина беа убави, големи со чиста вода бел? песок и постепено задлабочување.

Симос




Като Ниси


Другиот ден само што заминавме се запале островот.  ???
На бегање го видовме и Коринтскиот канал, итн...

Впечатоци:
Пелопонезот е огромен, и плажите се надалеку, луѓето беа тапа, на моменти се осеќав како во албанија, не знаеа англиски постарите луѓе а богами и некои помлади (пумпашот), и менија некаде имаа само грчки. Туристите беа претежно домородци, и во цело патување видовме само една скопска кола и тоа на островот, и една српска. Имаше и по некои англичани, италијанци,  скандинавци и французи. Балкански јазик не слушнавме, освен еден пар со мотор од словенија. Гирото беше мало и кошташе 2.4-2.8€.
Ако ви се оди на одмор натаму, одете дирек на островот, се друго одоколу не вреди, освен ако сте таксист и сакате одморот да го помините вкола.

Поминати беа 2250км, со 59км/ч просечна брзина и убедливо најспор на автопатите со 110км/ч. Квалитетот на 53л грчко гориво не го осетив.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6181 на: 19 Август 2019, 11:31:17 am »
Не се спушти до Китира бре?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6182 на: 19 Август 2019, 11:44:37 am »
Прав одмор е 10 дена да не слушниш балкански да зборува некој.
:)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6183 на: 19 Август 2019, 11:50:02 am »
Прав одмор е 10 дена да не слушниш балкански да зборува некој.
:)

Е тоа богами тешко... И негде у најледен Арктик (или тоа што остана од него) да отидеш, пак ќе чуеш „Миланеееее, изаџи да једемо!“
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6184 на: 19 Август 2019, 13:07:09 pm »
Прав одмор е 10 дена да не слушниш балкански да зборува некој.
:)

Е тоа богами тешко... И негде у најледен Арктик (или тоа што остана од него) да отидеш, пак ќе чуеш „Миланеееее, изаџи да једемо!“

И едно 50-60 пикавци околу лежалка


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6185 на: 19 Август 2019, 13:16:17 pm »
Прав одмор е 10 дена да не слушниш балкански да зборува некој.
:)

Е тоа богами тешко... И негде у најледен Арктик (или тоа што остана од него) да отидеш, пак ќе чуеш „Миланеееее, изаџи да једемо!“

Јас до сега успешно избегавам срби и македонци. Многу сум по релаксиран кога сум меѓу странци, а не "наши". Иако и италијаните се дерат и не се нешто подобри од нас, ама барем на друг јазик се дерат, како за промена :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6186 на: 19 Август 2019, 13:43:54 pm »
Јас до сега успешно избегавам такви викачи на плажа.
Дури и се зачудив кога спомнувате, Милане...... 

Ама италијани........ Полоши се во секој случај. Еднаш бевме на Крв, беше преполно со италијани тинејџери. Ќе ги задавев.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6187 на: 19 Август 2019, 14:00:35 pm »
@osmica8 ваљда мислиш на Крф. Ние кога бевме пред некои 12 години, имаше премногу енглези што се превртуваа и повраќаа по улици. За дивно чудо, ние бевме најцивилизирани таму.

@Banzai у принцип, „Милан“ е сеприсутен на краците и до кај Лептокарија/Платамона/Паралија. Надоле почиња да се проретчува :)
Иначе да, Италијаните прописно се дерат, бетер од Грци се.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6813
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6188 на: 19 Август 2019, 14:03:38 pm »
Не се спушти до Китира бре?

Не, не ни го ставив на ум се додека не стигнавме долу. Ама ценовно тракетот не е скап 45€ за кола и 12€ за луѓе мислам беше, по правец.
Најверојатно ќе се посети и тој остров, ако некогаш успеам да се убедам на 900км пат наеднаш.

На мал остров да не плаќаш траект за кола, сватив колку е поисплатливо да си носиш со себе точак/ електричен тротинет или некој кајак да имаш.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6189 на: 19 Август 2019, 14:27:11 pm »
@osmica8 ваљда мислиш на Крф. Ние кога бевме пред некои 12 години, имаше премногу енглези што се превртуваа и повраќаа по улици. За дивно чудо, ние бевме најцивилизирани таму.

@Banzai у принцип, „Милан“ е сеприсутен на краците и до кај Лептокарија/Платамона/Паралија. Надоле почиња да се проретчува :)
Иначе да, Италијаните прописно се дерат, бетер од Грци се.

Мислам.... да.
Аааа вие сте биле во Кавос, затоа се превртуваа на улици.
Кај нас имаше само 300 италијани тинејџери.
Еден и симнуваше ѕвезди на една женска под балкон кај нас. 5 дена и зборуваше. Не отру. Јас ќе слезев ќе му даев.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6190 на: 19 Август 2019, 14:28:16 pm »
@osmica8 ваљда мислиш на Крф. Ние кога бевме пред некои 12 години, имаше премногу енглези што се превртуваа и повраќаа по улици. За дивно чудо, ние бевме најцивилизирани таму.

@Banzai у принцип, „Милан“ е сеприсутен на краците и до кај Лептокарија/Платамона/Паралија. Надоле почиња да се проретчува :)
Иначе да, Италијаните прописно се дерат, бетер од Грци се.

Мислам.... да.
Аааа вие сте биле во Кавос, затоа се превртуваа на улици.


Не, не се осудивме да одиме во Кавос, во Ипсос бевме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6191 на: 19 Август 2019, 14:34:26 pm »
Исто.

Никогаш повторно таму.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6192 на: 19 Август 2019, 14:57:25 pm »
Тоа со Милане, или не сум го доживеал во таква форма или не ми пречат во толкава мера. Ќе викнат еднаш по детето и минимум 15 минути си раат :)
На крај краеви плажа е, деца се, ќе се викне малку.

Но следниве примери ми беа неподносливи и ми ги приредија Македонци.
3 пара Прилепчани, 2 саати без прекин слушав семејни кавги.
Втор случај со Битолчани, преку еден саат слушав давење мачки (Каролина) на JBL рокнат до даска поврзан со лаптоп. Како не го мрзеше да влечка толкава техника на плажа. Среќа, син му со топка го урна JBLот...  ;D

Статистички гледано...
Но, да не генерализирам, си имаше неискомплексирани Македонци на плажа кои си тераа одмор. Ниеднаш не ми текнало да размислувам да одам некаде каде нема да има Македонци, Срби итн

Од друга страна, какви Србинки имаше на плажа, па,па,па ;D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6193 на: 19 Август 2019, 15:47:31 pm »
Немој сеа така за каролинчето :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6194 на: 19 Август 2019, 16:04:42 pm »
Немој сеа така за каролинчето :D
Не е до каролинчето, тој албумот со староградски звучеше така на Jbl-чето ;D