Препорака солидно хотелче за една вечер(поверојатно за повеќе денови ми јавија сега од режија) во Охрид, фамилијарно да е со паркинг, подалеку од Центар, дури може и накај Лагадин?
Од тоа што сум бил, видел и посетил, препорака за Тино - Св. Стефан. Мало, фино, симпатично хотелче. Убав ресторан, убави соби, спа центар, базени... Преку улица се Силекс, Бетон па тука се и плажите.
Исто така и за Хотел Лаки. На километар - два после Св. Стефан. Малце пофенси варијанта, имаш all inclusive опција. Исто спа центар, базен... Поголем процент од гостите се странци. Плажа нема одма карши, ќе треба да поодиш/провозиш малце...
Не знам како се со цени моментално.
И во двата имаш паркинг, wifi...
Sent from my Redmi Note 4x