Батка го имам идено путов со риба, вчера се вратив па најсвежи информации ќе добиеш.

Сутоморе чим веќе го имаш резервирано јебига, јас таму преспав ама само преспав. Смештајот беше одличен ама местото ми беше многу лошо и едвај чекав да отидам од таму и веќе никогаш да не се вратам. Како Дојран на море ќе му дојде.
Глеј да тргнеш порано како што ти препорача Смоле, за да стигнеш на АЛ-ЦГ граница што може порано пошто е голема гужва. Автобуси преку ред цело време идат, јас чекав околу саат време, а кога дојдов на ред поминав за пола минута. Не знам што толку се задржуваа другите пред мене, дали вадеа зелени картони, изводи, пасоши, лични карти, крштеници.
Патарини немаш, само после ако идеш преку Подгорица према Хрватска имаш за тунелот една патарина мислам дека беше 2.5 евра (можно е и помалку). Ако идеш по обала до Хрватска тогаш не ја плаќаш таа патарина и јас би ти препорачал да си идеш по обала и да тргнеш исто порано за да избегнеш гужвите. Ако идеш преку Босна, на едно место се прави патот и се вози по камења можда 5-6 км, не запазив точно каде е ама постоел и друг пат за кој прочитав после на форумов, откако веќе испокршив се живо.
И во Албанија пази од полиција, натаму кога идев околу 10 патроли имаше, наваму само 3.

Еве една слика за да видиш зошто е битно што порано да тргнеш. Ова ти е на излез од Хрватска, кон Црна Гора. Чекав околу 2 саати. Тие на другиот дел од ридот, господ знае кога поминале.

Во Брела оди на Пунта Рата плажата, а можеш и во Јакируша има мали плажички убави со помалку гужва.