Како ги склопивте 1400 евра 12 дена сместување плус карти за превоз авион траект и рентакар плус пари за јадење пиење незнам
Башка август било каде во Италија не ми е за одмор тогаш одат италјаните и станува катанга
Сардинија поглемиот дел од населението живеат Каталонци и на никој не му е јасно зошто е под Италија

90% се шпанци на одмор и се чувствуваш ко во Грција кога има срби и македонци, буквално си носат од дома јадење и се испружуваат со черги на плажи.
Не бев со авион, бев од Драч до Бари со тракет преку Aferry апликацијата начекав за 115 автомобил + кабина за спиење за 2ца, од Бари до Рим 24 евра патарина има а колата на плин ми троши околу 5 литра на отворено, натоварен. Во рим 3 ноќевања 90еур, битно ми беше хотелот да има паркинг и да е во близина на метро станица и да е чист, последната недела како ден од месецот во рим се е на попусти за туристи и 80% од локациите се бесплатни за влез (освен вила боргезе која ја начекавме со некој европски студентски попуст за 8еур, скоро се останато беше беспари) Да така трошокот до Рим со се транспорт, патарини хотел и 4 дена шетање ме фати неполни 300еур. Од Рим до Цивитавечија нема патарини и е неполн час возење, од таму начекав евтино фери кое транзит му беше сардинија и ме фати 88еур со се автомобилот и беше ноќна вожња, за назад од Олбиа до Ливорно начекав 52еур со автомобил и кабина за спиење за двајца

Останатите трошоци е снајди се и компензирај, имам пријател италијанец кој работеше долг период во Грција со туризам и моментално си рента апартмани и работи на рампа во камп во Палау и ми обезбеди за 5 ноќевања за 250еур станче кај што живееле неговите порано, во центарот на градот со резервиран паркинг. За врметраењето на одморот ниту еднаш не седнавме во ексклузивен ресторан, секогаш јадевме џанк фуд као пица, паста он д гоу па и сами си готвевме иако кајакариме по 10-15 часа на ден и при таков умор не ти е ни дојдено до јадење. 5 дена после палау во ласт минут наидовме на едно хотелче кое се занимаваше со агро туризам подалеку од туристичките - плажа места, но беше преубав и не фати 4 ноќевања за 210еур со доручек каде се беше домашно правено од фармерите што работеа нешто беше као хотел со производствена линија на производи као кисело млеко, кашкавали и месо. Селцето се вика Ланусеи и 2 ноќевања во Санта Тереза ди Гаљура 70еур ноќевање. За назад од Ливорно до Скопје преку Словенија, Хрватска и Србија сакавме да шетаме ама времето беше толку крш што наместо да идеме по крај морето испичив директно до Скопје и тука технички ми беше најголемиот трошок. Не ни паметам точно колку ме фатија Хрватските патарини можеби накај 30тина евра, Италијанските уште толку, Словенска винетка 15еур, 60тина евра во плин и Српските патарини накај 15еур ќе да беа. Па напрај сума сумарум + секоја вечер јадење сладелод по 3еур топка и крузање со брод

Сардинија патарини нема, бензинот и плинот на бензиски беше по нормални италијански цени нешо као 0.8/0.9eur. На идење за назад последниот ден од Сардинија седнавме во еден пиратски ресторан на самото пристаниште, 11еур само туристичка такса и за служење на приборот наплатија.