Вчера зборев со другар, неодамна кампувале диво на портокали бич (втор крак доле, многу убава плажа), имало многу шатори, ама само нив ги собрала полиција (ск таблици покрај шаторот и они во него). Во станица 6 саати ги држеле без вода, морале да потпишат изјави на грчки (без превод, не знаеле што потпишуваат)...среќа се јавиле во мк амбасада во Атина и ги пуштиле за кратко, ако не се јавеле ќе спиеле у ќорка дур да дојде обвинител па ќе се отварала процедура за тужење, судење итн.
Криви биле пошо забрането е кампување таму, ама односот на џандарите...без вода ги држеле 6 саати, дури и надвор на сонце ги држеле некое време, тоа е крајно некоректен, нечовечки и простачки однос/злоупотреба на службена позиција, особено во ,,развиена“ држава членка на ЕУ. Се врши идентификација, се зимаат податоци, се пишува казна и готово, ова повеќе личи на изживување.
Сум бил на бањање на портокали бич многу пати и секогаш имало камп шатори (диво) дури еднаш имаше голема трансформерс приколка (оние шо се расклапаат со соби со чуда), ама не сум имал никакви проблеми нити па имало полиција/чувар/редар.
Поради ваквиот однос на државните службеници со моќ и јас прескокнав пријавување во полиција на мојот случај со шофершајбната, на крај или јас ќе искочев крив или во најмала рака ќе изгубев ден-два заради ,,процедури“.
Не сакам да ширам гнев/омраза/национализам и да пропагирам стереотипи, туку да споделам што ми се случи мене и на другариве. Јас пак ќе одам во Грција и не ги мразам грците, имам пријатели грци кои се супер луѓе, не се сите исти! Само добро ќе размислам на која локација ќе одам и каде ќе паркирам следен пат.