@osmica8 Имаш идено во амудија-јонско море?
На интернет викаат дека местото било мало, скапо, немало маркети. Па имало бранови.
Aко одиш со автобус си се заебал, мое мислење, ама ако си со кола немаш гајле, на 15мин ти е парга, посекако ќе одиш, и има маркет таму до толку ако ти сменат неколку центи. Пример дали било гирото негде 2.5€ а негде 3€ мене не ми е мерило за скапо.
А за брановите ако вика дека е плитко, нема шанси големи да се формираат, ќе се прекршат, пример не сум многу шетан јас како некои овде на форумот, ама сум бил на Лихнос 3 пати, Саракинико, и Лутса/Врахос повеќепати, бранови никогаш не сум начекал поголеми од пола метро/метро. Освен ако се расфучи некое ветриште, ама пак големи ќе се кренат каде што е подлабока плажата. А редовни бранови се знае каде има, Лефкада, по 2-3 метра, на мало ветерче, на граница на капење за голем и забавно, 3-4 метра и нагоре кога ќе се кренат, нема маж што влегува во вода.
И многу не читај по интернети, имаш матуфи англичани, грција скапо им било, како кај нив демек багатела е, негативните ривјуа ги памтиш само, некој кај шо го ограбиле оти таква му била среќата.
Нека ти кажи осмица подетално за Амудија, јаска Скопелос платив траект сосе кола и резервирав сместување почетокот на август, па ќе видиме. Ќе пишам, пошто македонски текст за таму какво е нема.