Ако може да споделите искуство со островите во Грција, гледам понуди нешто Тасос, Крф, Скијатос, Лефкада. Што би ми препорачале како најдобра опција?
Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Скијатос е најмал од сите острови и има најубави плажи, намирниците се скапи, нема Лидл. Скап траект. Мојот фаворит додека не го видам Крит.
Крф е убав и поголем од Скијатос, ефтин траект, намирниците ок цени, има Лидл.
Тасос по пензионерски ок плажи, нормална цена траект, нема Лидл ама има узпат кај Ставрос.
Лефкада само тунел плаќаш, убави плажи, многу возење до таму и таму, филмски плажи, поскапи намирниците од копното малце, има Лидл.
Бонус: Родос - многу далеку, убави плажи.