Да се надоврзам за Ситонија:
Смештај 60 eur/den за студио во Торони, на самата улица, одма до плажа. Пошто годинава ме ставија у непријатна ситуација да барам сместување кога стигнав тука прошетав 20 апартмани и се беше очајно за 50 еур најефтино или над 90 еур !
Иначе кој и да иде навака у Торони има барака една продава мед... топло препорачувам, луѓето имаат 1.600 сандаци со пчели. Цена 7 еур тегла и 9 за тој од портокал. Имаат и матична млеч и полен и прополис... Ако некој му затреба имаат и продавница во Солун.
За ресторан риба и скара, во Порто Кауфо, одма спроти хотелот на самата магистрала... Таверна у дебела ладовина и страшно добра храна.
За плажи:
http://sithoniagreece.com/halkidiki/beaches/А да, може на некој да му се најде за нњ дај боже. Доктор педијатар од оваа западна страна на Ситонија:
- во Торони еден стар дедо, одма после каналот, прва куќа има знак, не работи со осигурање, нема опрема нешто, за ситни работи.
- во Неа Мармарас одма спроти црквата во уличката ординација, прима осигурање, спремна докторка.