Завчера заминав на одмор во Дојран.. После 2 дена се вратив и можам да кажам катастрофа..
-Времето премногу жешко дури и ноќно време.
-Комарци и секакви инсекти насекаде..
-Водата валкана, тиња.. Одозгора пливаа секакви треви, пена и незнам уште што.. Незнам како утврдија дека е 100% безбедна за капење..
-Парковите и шеталиштата убаво уредени али ужас.. Насекаде ѓубре.. Не е до градот, тие си чистат секоја ден ама џабе.. Со македонец никој не излегол на крај.. Пола од нив изназемале секакви лангачи (кучиња) кои лајат, мочаат и серат насекаде..
-Плажа како што треба не најдов.. со тоа што е надојдена водата многу малце плажи има со песок.. А и тие што се врие од луѓе, неможиш да се разминиш.. Во водата има само камења, одпадоци (чаши, ѓерамиди, цигли, пластики)..
Единствена позитивна работа се евтините цени и доброто јадење и услуга по рестораните..
Беа планирани од 7-10 дена да останам али повеќе од 2 не се издржуваше..
Заборавив да кажам.. сместувањето беше ок 1300 денари од ден..клима има ? има.. вифи има ? има да.. Одкако се сместивме му викам дај далечинското за климата.. ми вика тоа уште 200 денари се доплаќа.. ахам.. Пасворд од вифито ? Абе дечко нешто нема интернет деновиве тоа апаратчето заебава, ај што ќе ти е нет, ќе си одмориш ко човек...