Дечки за Парга нешто совети/препораки, веќе уплатив па некој ако има нешто интересно да сподели би било убаво.
Генерално истражив што да се прави и кај да се оди, ама не е на одмет и дополнителна информација.
Парга е бонбона, дефинитивно плажата Валтос е нешто најдобро од Парга, голема пространа плажа, со лежалки, али ако несакаш лежалки ондак имаш место и чадор да си укопаш, ако ви е премногу топло имате кафич(Танго бич клаб чинам се викаше), навечер качете се на тврдината, многу профи глетка, исто ко да го глеаш Охрид али во боље издание, ние прошетавме и до Лефкада, 100 и нешто ситно е од Парга, може и до Личнос плажата да идете, блиску е, ако имате можност отидете на турата за Паскос и Антипаксос, ние лани начекавме делфини како скокаат до нашиот брод, за враќање накај Скопје отидовме до Саракинико, на Микри Амос, многу убаво плажиче, штета што имаше бранчиња па брше прљавка водата па не се бањав, инаку е ефтино, не е како што ја прават Парга дека е скапа, за пола евро беше поскапо гирото, други цени не ми текнува, али воглавном не е толку скапа ко што ја зборат... И да, мора да јадете благо од Мотли слаткарата, таа е над градската плажа
Едит: Само одмори се убаво, тунелите можат многу да те изморат, пошто има околу 40-50 тунели(ако не беа и повеќе) и очите многу се оптоваруваат, јас вечерта не спиев и се заебав, пред Парга ќе заспиев на волан, беља ќе направев