Татко ми пред пола месец изнајми кола од сикст од аеродромот во Дрезден (кантримен, битл или голф 7 класа) за 4 дена а цената беше нешто под 400 евра за кола со полн резервоар, навигација, бензинец без да се плати за дополнителното осигурување. Он беше задоволен од односот, работат до 8 часот (за разлика од некои рентакар што затвораат порано и тоа му дојде како кец на десетка затоа што авионот му каснеше 2 саати), плус воопшто не се замараат таму да ја проверуваат колата. За возовите во Германија имам патувано само Бохум - Дортмунд што е мала дистанца ама со викенд тарифа и со пакетот за шински транспорт под 150км за двајца излезе 17 евра. Секако во таа карта спаѓа сиот шински транспорт (метро,трамвај, поспорите возови само не спаѓаат супер брзите возови). Е сега Минхен како град е најскап во цела Германија и сигурно цените ќе бидат повисоки, ама мој совет е карти да си купувате од автомат на некоја метро станица, а не да одите на шалтер на железничка станица каде што неретко ќе ви понудат некоја поскапа варијанта со побрз воз што пристигнува кратко време порано и без менување на возови.