Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1384424 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4140 на: 18 Август 2015, 22:30:38 pm »
Утре со Бога напред тргвам за Јужна Македонија на втор крак во Сарти. Ако некој клабер е со ниет да помине на пиво благовремено јавете.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4141 на: 18 Август 2015, 22:54:42 pm »
Ако прашуваш за сега, барај шо ќе најдеш...Бадијала препораки кога гунгула е во моментов. Јас со жена ми во 3 агенции едвај најдовме 10 дневен престој во пристоен хотел за нормална сума на пари за од 21-ви. Или нема од тој период, или има на помалку дена, или е некоја WTF варијнта за сума на пари ко да одиме на Малдиви. И тоа мора прво аванс да платам 30% па да ми одговорат утре дента дека нема ништо слободно за таму каде сакам и од кога сакам и да ме убедуваат со некоја трипер варијанта...
Не, за Септември прашувам. Или од 10-ти или од 17-ти.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4142 на: 19 Август 2015, 04:07:17 am »

Паралиа друже
1 сат од граница сосема пристојно местенце

Ако ме прашуваш мене хотел константин 35 од вечер е мислам за двајца. На сама плажа е

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3084
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4143 на: 19 Август 2015, 11:11:52 am »
Викендов во Неа Потидеа иако им беше и нив празник немаше гужва по плажи и паркинг се наоѓаше до кај 10ч. Смештај 50е соба за двајца втор ред на плажа, верувам дека како поминува месецов ќе паѓаат цените за смештај.

Уште една дешавка - седнуваме во Солун во кафанче 4ца (од кои еден висок) на маса за 4ца, келнерот ја зима празната маса до нас и ни вика ширете се колку сакате, нема проблем. И кибла со мраз за пивата да се ладни, покрај фактот што криглите ги носат замрзнати.

Кафанчето е ова и најтопло го препорачувам, мислам дека има секој ден бузуки, али во недела не работат.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4144 на: 20 Август 2015, 21:02:12 pm »
Веќе втор ден сум во Сарти. Времето екстра, водата топла, по некоја цуца топлес, милина. Се е полно, нема слободни соби воопшто. Денеска пријатели од Скопје дојдоа без резервација со намера да прошетаат и најдат смештај ама ништо од бизнисот. Утепавме пола ден барајќи смештај и ништо не најдовме. На крај отидоа во Неа Мармарис. Ако некој планира да доаѓа а нема резервација поарно не.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6871
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #4145 на: 20 Август 2015, 21:43:50 pm »
Јас дојдов од сончев брег на Тасос,  водата перфектна,  пивото ладно,  фазла не треба

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3892
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4146 на: 21 Август 2015, 10:54:40 am »
Се додека има 5* Хотелот кај што си сместен не се буниш ти :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4147 на: 22 Август 2015, 15:10:37 pm »
Поздрав од Хањоти. Вчера саатипол возевме од Афитос до Хањоти...Гунгула...
Времето вчера беше облачно, но идеално за бањање. Вечерта врнеше дожд па денес морето е матно и има мали бранчиња. Инаку секаде е гунгула, најверојатно затоа што е викенд, ќе видиме како ќе биде од понеделник.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4148 на: 22 Август 2015, 17:13:06 pm »

Поздрав од Хањоти. Вчера саатипол возевме од Афитос до Хањоти...Гунгула...
Времето вчера беше облачно, но идеално за бањање. Вечерта врнеше дожд па денес морето е матно и има мали бранчиња. Инаку секаде е гунгула, најверојатно затоа што е викенд, ќе видиме како ќе биде од понеделник.

Како е хањоти има шеталиште нешто клуб за навечер(знам дека си со деца) ама ете да не си начекал нешто забава (немора ко на кавос) така нормално

Пошто ме предупредија дека во полохроно нема, а пефкохоти сум бил и ок е има таква работа.

Иначе некој искуство од островот ЕвиА? Градче пефки?

Или скијатос ?

Мене ми е да немора со кола да одиш до првата цивилизација да не биде ептен нива, зашто знаело и такви селца да има

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4149 на: 22 Август 2015, 18:34:36 pm »
Ќе си идеш на ~10км од Ханиоти према Калитеа. Има две дискотеки Pearl и Coral.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4150 на: 22 Август 2015, 21:10:21 pm »

Поздрав од Хањоти. Вчера саатипол возевме од Афитос до Хањоти...Гунгула...
Времето вчера беше облачно, но идеално за бањање. Вечерта врнеше дожд па денес морето е матно и има мали бранчиња. Инаку секаде е гунгула, најверојатно затоа што е викенд, ќе видиме како ќе биде од понеделник.

Како е хањоти има шеталиште нешто клуб за навечер(знам дека си со деца) ама ете да не си начекал нешто забава (немора ко на кавос) така нормално

Пошто ме предупредија дека во полохроно нема, а пефкохоти сум бил и ок е има таква работа.

Иначе некој искуство од островот ЕвиА? Градче пефки?

Или скијатос ?

Мене ми е да немора со кола да одиш до првата цивилизација да не биде ептен нива, зашто знаело и такви селца да има

Ако сте млади, сакате и да прошетате и забавувате, Скиатос. Само сместување во градот, најдобро ви е.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3084
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4151 на: 22 Август 2015, 22:01:32 pm »
Скијатос:

Фантастични плажи до кои се стига со бусче, моторче или чамче (доста е мал за кола).

Најверојатно ќе бидеш сместен во главниот град каде е и искачањето на бар стрит, неколку отворени дискотеки во кои не се плаќа влез, али затоа пиво е 7 евра минимум. Нема Лидл има неколку други маркети кои се на 15 мин од центарот, а и не се ефтини - има SPAR кој стално е 2/3 празен.

Во главниот град Скијатос плажа за бањање нема, треба да идеш или на градската плажа која е 20 мин од центарот пешки, или на некоја од фантастичните плажи за каде ти треба превоз (бус е 1.50 евра до Банана, Мистик (меѓу првава и третава полабава) и Кукунариес и се на последната 26та станица од автобуската линија - една до друга се).

Плажи: Кукунариес, Мистик, Банана, Агиа Елени, аеродромската, Лаларија (до оваа само со брод)

Скијатос е генерално поскап остров поради фактот дека на него доаѓаат подобростоечи грци од Солун и Атина, данци, италијани и енглези со јахти.

Патот (до Волос - пристаништето) со кола е 420км, значи 5-6 саати со се граница, и после брод мин саат време макс 2.30 - 3 зависи од цената на билетот (најверојатно ќе идеш со ферито - 3 саати). По пат има 4-5 патарини мислам (на грчка страна) и се е автопат.

Ако идеш со кола на плин, плин до Волос по автопат би требало да има - барај Shell ака Coral Gas,тој е најквалитетен. Друга опција е со бус до Солун, после со бус од Солун од Волос, воз мислам не иде до волос туку до Лариса па од таму пак би требало со бус. Мислам дека има и фери од Солун, али ќе да е доста клацкање и пари. Ова ако не ти е организиран превозот што чисто сумњам.

Цените на плажите се 2-3 евра кафе мафе, алкохоли на плажа не пијам. Гирото од 2.5 па нагоре ако добро се сеќавам. Фино би било да изнајмиш џипче ако си без кола за да ги видиш другите подиви плажи за кои има знаци должа патот од Скијатос градот до Банана и Кукунариес.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4152 на: 23 Август 2015, 20:03:24 pm »
Скијатос е малку поскап со пијачките од другите но затоа рентањето кола е поефтино отколку пример Кефалонија, дополнително турите со брод се движеа на Скијатор од 10-15 евра додека на Кефалонија немаш тура испод 45 евра за жити две плажи ако те однесат.

Нема Лидл али имаше Керфур ако се сеќавам добро.

Скутер е најпаметен избор за превоз на Скијатос. Островот е широк 15 см и многу питом за возење. Одличен избор за прво шетање на остров низ Грција.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #4153 на: 23 Август 2015, 22:15:53 pm »
Ланските цени на скиатос беа поефтини од годинашниве во ханиоти. Скапо до курац...

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #4154 на: 23 Август 2015, 22:54:49 pm »
Вилава шо ни ја нудат е во селцето мегали амос, демек било на 2 км од главниот град.

Организирано е патувато ама сигурно ќе биде окочу 7-9 часа според мене шо е еден минус :(

И фала на сите за објаснувањето :)