Сега се вратив од Макарска, одлично си поминав. Хрватска е топ. Цените си се повисоки него оние на што сме навикнати во Грција. Единствено мислам дека претеруваат со наплаќање на се живо и диво, паркинг на запустена плажа со никаков пристап, никакво барче 2 на 2м, ни туш ни бутур - 50 куни дневно - 400 денари. Во Септември.
Во околината на Макарска има одлични плажи со прекрасни природни сенки. Дури и градската плажа е топ, водата чиста, бели камчиња, само не сум толку за во гужви, неќам да прескакам луѓе за да дојдам до море.
Чисто, средено, милина. Туристи исто така културни и воспитани, не се придеруваат на плажа ко ненормални и слично. Плус, Хрватска и хрватскиот народ се далеку-далеку понапред од нас и соседиве наши. Што јужние - то тужније.
Следен пат кога би одел, би го избегнал гомното од пат кое го поминав - преку Косово, Албанија и Црна Гора. Поголемо срање тешко дека има. Палење колата од тука преку Белград, Загреб па накај Јадран. Јадранска магистрала во Хрватска е топ за возење, дупче нема, означено, чисто...