Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1378351 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3630 на: 22 Мај 2015, 18:51:30 pm »
Ваљда ќе одиме другиот викенд и ќе видиме што како.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3631 на: 22 Мај 2015, 19:06:08 pm »
опа... гојде.. другиот викенд и јас сум таму веројатно... освен ако не решиме да свртиме накај врасна... сеуште не сум одлучил...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3632 на: 22 Мај 2015, 20:55:02 pm »
Топ е во Врасна. Ние се мислиме дали таму или на Маурициус...
« Последно менување: 22 Мај 2015, 21:11:10 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3633 на: 22 Мај 2015, 21:30:46 pm »
kalimero и јас имав резервирано за истиот хотел од 11 јули ама сопругата нешо смени планови и вчера уплати за некое место на третиот крак, па така денес ја откажа резервацијата за таму. Иначе пред три години бев таму во "џени хотел" и топ е за со деца, добра плажа, топла вода и што е најбитно плитко е.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3634 на: 27 Мај 2015, 08:06:40 am »
Некоја препорака за Лефкада
Пребарував по темата ама неможам да најдам , премногу страни се.
А знам дека некој имаше пишувано нешто :)

која страна од островот е поубава, со убави плажи ... итн

фала однапред на информациите
« Последно менување: 27 Мај 2015, 09:11:26 am koce1102 »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3635 на: 27 Мај 2015, 09:57:51 am »
Поубавите плажи (оние со плава боја на водата) се од страната на Агиос Никитас. Бидејќи имаш многу возење по плажите топло би ти препорачал да гледаш сместување околу Агиос Никитас или околу главниот град.

Повеќето наши агенции нудат сместување во Нидри, јас би ти препорачал да не одиш таму, може како прошетка, ама нема убави плажи, а и се ќе ти биде подалеку. Исто и за Василики, далеку е од се, па ќе треба уште повеќе да возиш.



Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3636 на: 27 Мај 2015, 09:59:23 am »
Некој да сподели искуство лично или блиско за Санторини?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3637 на: 27 Мај 2015, 10:07:19 am »
Василики е за сурфање. Имам другар кој нон стоп таму токму за сурфањето...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3638 на: 27 Мај 2015, 12:14:45 pm »
Да, заборавив да пишам, таму нон-стоп дува.... Ама преполно е со едрилици и сурфери.

Исто така доста дуваше и на Tsoukalades, додека на другите плажи е супер.

Доколку се решиш за Лефката, најтопло ти ги препорачувам дивите плажи после Катизма (се одвојуваш десно од патот), има доста спуштање до доле ама вреди за цел пат.... прекрасна вода, мноооогу малце или ич народ и феноменална плажа....

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3639 на: 27 Мај 2015, 14:01:46 pm »
Се надевам ке падне одлука викендов , ако се дог.со друштвото ке одиме Лефкада, ако сум сам со понежната половина размислувам за Парга.
Па би било убаво некој да кажи нешто и за таму :) :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7121
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3640 на: 27 Мај 2015, 14:07:05 pm »
Со друштво оди на друго место, а со понежна половина оди на Лефкада, Парга е досадна.... и неоправдано извикана. Повеќе од 3-4 дена на парга станува стварно досадно, нема ништо. Иди на Лефкада уживај.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3641 на: 27 Мај 2015, 14:09:47 pm »
Со друштво оди на друго место, а со понежна половина оди на Лефкада, Парга е досадна.... и неоправдано извикана. Повеќе од 3-4 дена на парга станува стварно досадно, нема ништо. Иди на Лефкада уживај.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3642 на: 27 Мај 2015, 16:06:20 pm »
Резервирано во http://www.zefyroshotel.gr/ во Сивири.
Местото дури и на пензионерите би им било досадно, али со оглед на тоа дека идам со мало дете и трудна жена мене ми е одлично.
И не верувам дека ќе го сменам во следниве неколку години.

Сивири и според мене е најубаво место на прв крак, башка какво гиро прават таму од 3,50 евра покрај плажата, да пукнеш од јадење.
Зини да ти кажу.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2209
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3643 на: 28 Мај 2015, 13:01:05 pm »
Минатата година бев на одмор во Лефката,бев сместен во Василики во вила Алтина,прекрасна вила на неколку метри од самата плажа.Позната е по аматерското едрење,има неколку школи за едрење,не е нешто екстремно со ветар и има многу кои  учат да едрат.Близу Василики се наога прекрасната плажа Агиофили,до неа се стигнува со брод кои чини околу 3-4 евра повратна карта и на секој час има брод кој вози и се враќа во Василики.На околу 15-18 км од Василики се наоѓаат двете најпознати плажи Портокацики и Егремни до кои се стигнува со кола или скутер,тоа се диви плажи и се прекрасни.Плажата Катизма се наоѓа близу Агиос Никитас и е урбана голема плажа.По мое најдобро е да сте сместени во Василики бидејќи наблиску се Порто Кацики, Егремни и Агиофили.Ги посетивме скоро сите  плажи но според мене овие три се најдобри и ако би одел пак само би одел на овие три.Местото е мирно.Има едно крстарење кое е доста интересно,чини околу 20 евра и се оди до Итака,се круза околу остроВите на Оназис,Кефалонија,се останува 1час на Егремни,се посетува една пештера која во моментот не ми текнува.Ние изнајмивме кола на 3 дена за некои си 110 евра,го свртевме цел остров.Но уште еднаш горе споменатите плажи обавезно да ги посетите што е можно повеќе,на другите не си го губете времето.

Агиофили



Егремни


Порто кацики



Порто кацики



Оваа година сакам да одам во Парга,сакам малку помирен одмор,да биде само на легачење и не на многу скитање по плажите.
« Последно менување: 28 Мај 2015, 13:06:55 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4013
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #3644 на: 28 Мај 2015, 13:09:48 pm »
^
Ист план сме имале и лани и годинава :D
New blood of old school