Јас имам еден антички (Nüvi 40 LM), и се има испонашано исто така, што не е воопшто чудно, сепак е прописно стар уредот. Али со оглед на тоа што го земав за 1500 денари, одлично си ја заврши работата и при преселбата, и у неколку наврати кога патувавме накај Скопје и назад.
Со поновите Гармини или ТомТом, имаш и следење на сообраќај во живо, пренасочување по потреба (судар, застој итн), јасно исцртани ленти за престројување и вртење итн итн.
Не знам чија е фабричката навигација во Инсигнијата, ама ете, да бидам искрен и таа ме поеба со вртење и престројување, пред две недели кога бев во Есен.
Понекогаш користам мобилен (Waze или Google Maps), али знае многу да загрее кога е уштекан кабелот и пуштена навигацијата, па затоа избегавам. Башка, ме иритираат мејлови, вајбери, месинџери и други нотификации кога ми е пуштена навигацијата, па затоа уште поише избегавам да го користам телефонот за тоа.
Малтене редовно користам Гугл Мапс при шетање (пешачење) во поголем град, или кога возам некоја туричка со точак.