Мора да направиме разлика помеѓу употребата на посебен уред за навигација и употреба на мобилен, таблет.
ГПС уредот има единствена задача да те наведе каде да отидеш. Немаш опструкции, од СМС пораки, Вајбери, емаил, итни повици и слично. Пред да тргнеш на пат му даваш насока и тераш.
ГПС уредот е секогаш по прецизен и побрз во ре-рутирање отколку било која друга апликација.
Можеш да го чуваш во кола нон стоп, и да никогаш да не се доведеш во ситуација од типот:
- ќерка ми ми ја избришала апликацијата
- направил апдејт софтверот без да знам и сега не ми работи
- еј немам батерија на мобилниот, а полначот ми е дома
- Зашто бе сега апликацијава се плаќа, нели беше бесплатна до скоро. Па пишуваш на форум, да ти дадат линк, крак или предлог за нова апликација.
- фак, ми падна мобилниот у калитеа на плажа ми рокна екранот, и сеа шо праам за назад ќе треба да барам србин по пат и да возам позади него. Србите стално имаат ГПС
- абе шо ми грее сега мобилниот, шо му стана. Ебати телеком опинци, чкарт серии ни продаваат у МК. Греат
- кај најде сега да ми ѕвони колегава ќе ми ја бутне апликацијава у сред Солун, кога треба да се престројувам
Мобилниот телефон во просек се менува на 2-3 години. Тоа што претходно функционирало на еден мобилен и екосистем, не значи дека ќе функционира и на другиот мобилен.
Добар ГПС уред со доживотен бесплатна обнова на мапи со најнова верзија чини околу 200 евра. Инвестиција која може да ти трае 10+ години.
Плус знаеш дека го имаш, и дека нема да те поебе кога е најпотребно и нема да треба да се замараш дали има "накоја добра апликација за мобилен што е како Гармин добра".
Сум возел многу пати со навигација на мобилен, но откако го купив ГПС уредот целиот тој "ритуал" со возењето мнооогу ми се олесни.
Навигација на мобилен секогаш кашла кога има потреба од брзо ре-рутирање. На пример во Белград по тие надвозниците кои што се делат на 3 ленти, ниедна апликација со мобилен ме нема наведено од прв пат како што треба. Со ГПС уредот не сум залутал ниту еднаш.
Штекаш ГПС, пишуваш рута и не се замараш повеќе. Еднаш годишно правиш апдејт на мапи и тоа е тоа.
Мобилниот телефон е добар ГПС уред исто толку колку што е добар како фото апарат, уред за работење офис апликации, сурфање, скенирање документи. Секогаш брка работа ама никогаш не ја завршуваш на најлесен и најдобар начин.