Не дека се убив од патување, ама каде и да сум бил последниве 3-4 години сум бил со навигација на телефон. Со неколку различни телефони (од средна класа - HTC Windows Phone 8s, HTC Sensation, Xperia T3, Xperia M4 Aqua, Lumia 640, Samsung J3 2016 па и Alcatel Idol 4 моментално), ама секогаш со CoPilot апликација. Не сум имал никаков проблем со барање нова рута, или конектирање, а ниту со прегревање батерија и слично...
Нема никакви компликации околу тоа. Апликацијата ја имаш, местиш рута, и тераш. Потребен ти е држач и пунач за телефонот, и тоа...
Само битно е да се каже дека не патувам заради работа, туку чисто за задоволство. Кога патувањето би ми било "секојдневие" и поголем процент ради работа, би купил навигација дефинитивно.