Често комуницирам со сите оператери, верувај ќе го смениш мислењето да видиш како иде со нив комуникацијата

Најглупото нешто, господине изгасете го вашиот рутер да рестартираме конекција.
Ја рестартираат, велам нема, не добивам ИП адреса од вашиот модем.
Ааа, епа изгасете се од ви фи, мора на кабел да сте.
Госпого, на кабел функционираме, ВПН конекции се.
Ааа епа кабелот ви е лабав, ви губи контакт.
Госпого, не е лабав кабелот, рак ормар е, затворен простор, го мониторирам мојот рутер (кој впрочем е микротик и и го посочувам тоа) веке некој период.
Ааа епа не ви чини вашиот микротик.
Госпого, мојот микротик работи без проблеми на телекомската бакарна линија, вие сте оптика и постојано ви паѓа линијата.
Најпоследно што беше, мигрирано на оптика, ама брзината ја оставиле од доксис 30/1, ама битно од таму на невидено, кабелот ви се откачил, рутерот ви изгубил ви фи, врзете компјутер пуштете пинг.
И од сите оператери што имаат оптички линии, на Телекабел е најлоша, најмногу проблеми има на оптиката на телекабел. Има доста кабелски оператери во помалите градови со оптики и нема толку проблеми со чести дисконекции колку што имаат Телекабел.
Верувај, најлош е контакт центарот на Телекабел
