Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 309344 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2228
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1875 на: 05 Март 2025, 20:42:22 pm »
Ах тоа е посебна приказна. Кога и да има поголем технички проблем не можеш ни да ги добиеш. Претплатникот не е достапен.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5798
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1876 на: 05 Март 2025, 20:47:06 pm »
Еве колу плаќаме ние интернет, фиксна телефонија, два тв уреди, едниот телефон е со сѐ неограничено, 7гб во западен балкан и уште 13гб низ цела Европа од 100те гигабајти во нет сефот.
Другиот е 5 или 10гб интернет и неограничени разговори.
Продавачот проба да искористи до кај што можеше за попуст. 550 денари попуст наспрема регуларно.
Интернетот не е оптика ама немам никаква замерка, ретко некогаш да падне ако е само некој глобален проблем. 1-2 пати годината.
За 800 денари месечно иди телефонот со попустот урачунат. Останатите оператори ни по регуларна цена не нудат ни блиску до ова.





Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 662
  • The best or nothing.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1877 на: 05 Март 2025, 22:00:42 pm »
Најдобра ми е припејд понудата на А1.
 За 500ден : Неограничени разговори и смс пораки, 10гб интернет, и неограничен интернет за социјални мрежи.
Нема договор, така да, може да се менва кога сакам.

Уште да видиме со Лајка што ќе биде.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7132
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1878 на: 06 Март 2025, 21:45:19 pm »
Лајка го продаде кучата кај Телекабел.

Инаку јас сум на А1 нешто над две години, дадоа некој плус попуст за префрлање од Телеком, за 2 поспејд линии со неограничено, 5Г, ТВ брка работа со 2 гратис пакети (со ХБО) за 2200 денари.
Јбг, тоа е за сеа најдоброто. Имда, интернет 50/50

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1366
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1879 на: 10 Март 2025, 12:54:12 pm »
Контакт центарот на телекабел си е добар. И брз. Мене кај нив единствено ме нервира бандерашкиот систем. Никој не успеа да ги натера да одат подземно. Особено во Центар.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1880 на: 10 Март 2025, 23:17:35 pm »
Па не баш, од сите оператери, па дури и локални кабелски оператери по помалите градови би ги ставил погоре на листата.
Контакт центарот на Телекабел би го ставил на најниско ниво, толку глупости ќе те натераат да направиш што ми иде да се фрлам од прозор кога и да треба да пријавам проблем кај нив.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1366
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1881 на: 11 Март 2025, 00:20:19 am »
Со оглед дека ретко се користи контакт центарот на Телекабел, добри се. Ако имаат џенерал проблем рецимо еднаш годишно, ондак е зафатено и си знаеш :)
Инаку не се полоши од телеком. Моето искуство е дека се брзи и функционални.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1882 на: 11 Март 2025, 00:39:00 am »
Често комуницирам со сите оператери, верувај ќе го смениш мислењето да видиш како иде со нив комуникацијата ;)
Најглупото нешто, господине изгасете го вашиот рутер да рестартираме конекција.
Ја рестартираат, велам нема, не добивам ИП адреса од вашиот модем.

Ааа, епа изгасете се од ви фи, мора на кабел да сте.
Госпого, на кабел функционираме, ВПН конекции се.
Ааа епа кабелот ви е лабав, ви губи контакт.
Госпого, не е лабав кабелот, рак ормар е, затворен простор, го мониторирам мојот рутер (кој впрочем е микротик и и го посочувам тоа) веке некој период.
Ааа епа не ви чини вашиот микротик.
Госпого, мојот микротик работи без проблеми на телекомската бакарна линија, вие сте оптика и постојано ви паѓа линијата.

Најпоследно што беше, мигрирано на оптика, ама брзината ја оставиле од доксис 30/1, ама битно од таму на невидено, кабелот ви се откачил, рутерот ви изгубил ви фи, врзете компјутер пуштете пинг.
И од сите оператери што имаат оптички линии, на Телекабел е најлоша, најмногу проблеми има на оптиката на телекабел. Има доста кабелски оператери во помалите градови со оптики и нема толку проблеми со чести дисконекции колку што имаат Телекабел.

Верувај, најлош е контакт центарот на Телекабел ;)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11030
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1883 на: 11 Март 2025, 09:07:14 am »
Телеком не ни имаат контакт центар :D :D :D

притиснете 1 за македонски
притиснете 2 за да се сликате
притиснете 3 и стајте прс у гс
ќе добиете СМС со линк до виртуелен техничар
виртуелен техничар ти кине чет и конекција

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1366
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1884 на: 11 Март 2025, 10:38:10 am »
@FiLo
Ја не сум имал проблеми такви. Ако настапиш од прва дека ги познаваш работите, и тие се приспособуваат. Мораат да си ја тераат песмата затоа што дијапазон на корисници е различен.
На оптика сум во центар. Ептен ретко нешто да се деси.
За разлика од Телеком на работа.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6751
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1885 на: 11 Март 2025, 11:25:44 am »
Па така и се преставувам, дека се јавувам во својство на ИТ лице, што менаџира преку 400 микротик рутери, али они упорни се по тоа нивната скрипта, изгаси го рутерот, извади го кабелот, врати го.

Последно ама господине се наплака 1500 денари ако е се во ред.
Велам во ред, 1 час проблеми со вашиот интернет не чинат многу повеќе од еднократен 1500 денари трошок за вашата екипа.

За разлика од нив, ниту со телеком, ниту со А1 немаме проблеми кога пријавуваме дефекти, па ниту и со некои локални кабелски оператери низ државава што функционираат во максимум еден или два мали градови како Винсат-Виница, Спајдер-Гевгелија, Кејблкал-Струга, Бив Пирамида-Делчево итн.
Дури и оптики имаат Винсат, Спајдер и Бив пирамида и им функционира одлично, лани сме имале многу повеќе проблеми со оптиката на Телекабел отколку на овие локалциве.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1886 на: 11 Март 2025, 11:26:26 am »
Па не баш, од сите оператери, па дури и локални кабелски оператери по помалите градови би ги ставил погоре на листата.
Контакт центарот на Телекабел би го ставил на најниско ниво, толку глупости ќе те натераат да направиш што ми иде да се фрлам од прозор кога и да треба да пријавам проблем кај нив.
Поради безобразлук од Телеком се префрлив на он-нет, кои пак ги превзеде ОНЕ, и се беше ок со тех. поддршка, додека не потпаднав под ВИП.
Со нив буквално тоа што си го опишал, па во прва прилика назад во Телеком.

Пред една недела имаше проблем на работа со интернетот, тех.подршка од Телеком беше сосема коректна.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 496
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1887 на: 22 Март 2025, 18:11:09 pm »
Ја не сум имал проблеми такви. Ако настапиш од прва дека ги познаваш работите, и тие се приспособуваат. Мораат да си ја тераат песмата затоа што дијапазон на корисници е различен.
На оптика сум во центар. Ептен ретко нешто да се деси.
За разлика од Телеком на работа.

Јас имам баш спротивно искуство со ова. Пред некое лето со оптиката од Телекабел имавме проблем тројца другари, сите сме на 100-150 метри еден од друг географски. Испитав, дојдов до заклучок дека проблемот е packet loss некаде во нивните сервери во Штип. Од кај мене до таму конекција супер, од тие сервери натаму пак конекција супер, ама баш таму проблем.

Се јавив на техничка, викам “Мојата опрема е гарантирано во ред, имам packet loss кој 99% е во вашите сервери во Штип“. Намерно со тој муабет за да им дам до знаење дека не сум лаик и да им намалам време потрошено на нагаѓање кај е проблемот. Се јавија и другариве да пријават исто.

Кај сите почнаа со “Рестартирајте го рутерот“, па отидоа на “Ај да ја рестартираме линијата“, па “проверете сега, ако пак имате проблем јавете се“. Две недели се е*ававме со ова, на секои 2-3 дена се јавувавме да пријавиме, за на крај да ми се јават тие мене со муабет “Господине сте имале пријавено проблем, дали е сега во ред?“. Вистина беше последните 3-4 дена пред да ми се јават, и им викам “Да, во ред е. Чисто од љубопиност, шо беше проблемот?“, и ми викат од таму “Па имавме проблем локално во серверите во Штип, ама сега е средено“. На крај испадна дека тие од техничка со кои разговарав, воопшто не пренеле на екипата интерна дека им наведов packet loss.

Операторите од техничка служба ептен се по скрипта, без оглед на то како ќе настапиш. Главната причина зошто инвестирав во MikroTik/Unifi опрема за по дома е за ако имам проблем, да сум 100% сигурен дека мојата опрема е во ред, ама пак се ебавам со “Ве молам рестартирајте го рутерот“.