Автор Тема: што би направиле ако приметите корозија на вашето ново возило? форд фиеста  (Прочитано 31017 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
така бе бугар.
ама пак ќе пишам дојдено е до фаза да од горе несакаат да превземат никаква акција.што го кошта шупакот од горе во форд да пише маил,дај средете му ја цевката.
зар толку многу ќе ги кошта?може да се среди брзо и без галама,без маилови,без нервози.

п.с кога бев првиот пат во мида,се погоди имаше делегација од форд од израел(некој од поголемите во форд,газдата бил евреин).и случајно пред одење еден господин ме застана и ми вика што како,зошто си тука.почна да ме прашува....(овој текст го спремав за другата тема-ај на кратко).викам имам проблем ...кога му објаснив,му се сврте на шефот на сервисот и му вика.како знаете да му го решите проблемот на клиентот.не смее корисник на форд да е незадоволен. и ми вика мене ,ќе направиме се да го решиме вашиот проблем.
целиот разговор се правеше пред еден од менаџерите на форд мида,шефот на сервисот,јас и израелецот.а позади нас беше газдата на мида и други.


форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
маци,чим имаш на писмено потврда,а санирањето на ова значи вадење на шалт табла и после тоа крцкање на истата,почекај барем 5-6 години сама да се раскрцка па после преземај акции да ти го санираат проблемот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Јас искрено, не би го чачкал ова што го видов. Ова со суво крпче да го поминеш ќе се исчисти р`ѓата. Иако до сега немам видено на моја кола вакво чудо, не би го дирал! И би го забораил. Се работи за површинска `рѓа (`рѓа е корозија на железо, нема дилема тука дали е `рѓа или корозија), во толку мал обем и на такво место, што нема да има никакво влијание во квалитетот на возилото и после подолг временски период. Искрено се надевам дека ќе успееш во намерите да искамчиш мида да го среди тоа, ама од друга страна не би се замарал претерано. Нити би вадел шалт табла, нити би превземал било што.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
А бе пак се запнавте рѓа, корозија...
Убаво ви кажа Онак, тоа е ОКСИДАЦИЈА...
Спомнувате влага, вода, незнам што и како...Самото име кажува се...Не треба вода, не треба влага, доволно е само кислород, кој ке реагира со металот и ке се створат оксидите...Неможе оксидот да биде длабински, него мора да биде површински. Со тек на време станува длабински...И не драматизирајте...РѓА и Корозија е исто. Само разликата е во јазикот.
Кај оксидацијата има разлика, дали е површинска во сегашна фаза или дали е длабинска, во поодмината фаза.
Точно е дека површинската корозија ке ја отстраниш со крпа, ако протриеш малку појако...Но со тоа не си го решил проблемот, односно ако не се заштити материјалот да не биде изложен во допир со некое кислородно соединение, во случајов влага од воздухот, ништо не си направил...Уствари си направил уште поголем проблем..Местото кое е зафатено, и имало поврсинска оксидација, си го тргнал веќе постоечкиот оксид, израгиран хемиски, па потоа си направил фронт за проширување на истиот...
Бојата всушност претставува филм, заштита за да нема допир со молекулите на кислородот и притоа да реагира.
Во оваков случај не препорачувам користење на хемикалии кои реагираат со рѓата и помагаат во нејзиното одстранување. Затоа што со тоа се изложува на уште поголема оксидација заради користење на хемикалија, во случајот тоа е киселина..Ако внимателно го прочитате упатството на самата кутија, пушува после употребата површината да се пребрише со влажна крпа...
Тоа со околу коризија, рѓа мислам дека е јасно, нема потреба да се повторува...Кој сака разбрал и знае и нема да го тупи понатака.

Кога сме кај конкретниов случај.
Се активираат сите можни субјекти, од друштво за потрошувачи до пазарна инспекција, мејлови итн итн.
Како краен потрошувач маци не го интересира дали оксидацијата е површинска или длабинска...Таа постои, се гледа и треба да се реагира. Тоа може да го потврди и вештак...Ете го потврдил...Рекол дека е површинска оксидација. Врз основа на тоа, треба значи ТРЕБА ДА СЕ СРЕДИ!!!
Вика гаранција од корозија, површинска или длабинска не е битно...ЈА ИМА, должни се да ја средат...Макар да ја избришат со крпа, па со ништо, во зависност од тоа дали сакаат да им се враќаш повторно, ке ти ја премачкаат и со некоја боја, колку да не се гледа...
Тоа е до нив...Нивна законска обврска е да го санираат проблемот за да не се гледа ништо..
Мене не ме интересира дали јас по 1, 2, 5 или 100 години ке имам само површински кородирана цевка или ке биде комплетно скапана. Сакам додека имам гаранција да не ја гледам таа скапаница.
И дали ке вадат шал табла или нема да вадат, тоа е нивна работа...Ако крцка ке им се враќам и враќам и враќам...Секојпат кога ке ме одбијат ке им стегам пријава...Па да видам каков углед ке уживаат после тоа..
И треба да си останат доследни на изјавите кои ги даваат за и во поглед на гаранција.
И ако треба ке залепам реклами на колата! За нивни инат...И ФБ и све ке активирам!
Тоа е...
И се додека се правиме глуви и слепи за вакви работи, ке си дозволуваат да манипулираат и да не прават мутави...Со мутави објаснувања дека тоа е нормално...НИШТО не е нормално, ние сме ненормални ако не реагираме како потрошувачи и ако не си го побараме она за кое што сме платиле..
Се додека се прерипуваат овакви ствари, они ке си тераат и понатаму и пак по старо...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Што побрзо го решиш проблемот, тоа подобро, пошто сега ова е површно, да, али не верувам дека би му требало 10 години за да почне да скапува, мое мислење е дека скапувањето ке почне многу порано од тие 10 години, пошто и нашата кола беше крпена, па за година дека одоздола имаше ете рѓа ке ја кажам, и после 2-та година веке почна да скапува, така да, терај го случајот и што побрзо ова да го санираш

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Маци, оди во Хубо купи спреј WD-40 едно боциче од 120 денари и испрскај ја летвата со спрејот. Нема да р’ѓосува повеќе во следните 3-4 години. После тоа пак испрскај го и пак терај уште толку време и заборави. Веројатно има уште многу такви делчиња кои површински ти се зарѓани и ништо не е страшно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Ама ич не се согласувам со вештакот дека "оваа површинска корозија постои во подвозјето кај 99% од возилата"

Ова не е точно. ПОГОТОВО НЕ кај поново возило!

Површинска или не, делот КОРОДИРАЛ. Форд дале гаранција за ова, ако не сакаат да го санираат, тужи ги и жали се до централата.

Дали била површинска, длабинска или не знам каква, корозија постои. Што треба, да чекаме 11 години да згние делот па тогаш да го менуваат?

Вештакот мислам дека тргнува од фактот што го знае судскиот систем кај нас и не се нафаќа да ја истурка работата бидејќи знае дека немаш институција која ќе те заштити во Македонија.

Единствено што ти останува е да им направиш лоша реклама. Тука ќе ги здоболи најмногу.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Ако ја тераш работата под гаранција, и со мида до крај, не ја пипкај шипката со ништо ни под разно. Нити премази, нити вд-а, нити вода. Ништо не дирај. Да не испадне (а одма се спремни на таков чекор) да кажат „Ааа дечко, тоа ти е од wd-то“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: што би направиле ако приметите корози
« Одговори #84 на: 05 Февруари 2013, 10:47:34 am »
Да може маци да добие документ со кој овластениот сервис МИ-ДА  тврди дека тоа не е причина за гаранција или дека немаат намера тоа да го средат, тогаш со нивниот допис, преведен кај судски преведувач заедно со слики и други документи, би пишал кај регионалниот застапник на Форд па да видиме.

Искрено, како идеја, собир од 50 коли и штрајк пред седиштето на МИ-ДА (нормално прво ќе го најавевме штрајкот кај МВР, и кој може во работен ден) ќе викневме новинарски екипи, па тогаш не само во МКД, него на целиот Балкан ќе беше топ вест. И многу ме интересира, колкави пенали ќе плаќа МИ-ДА кај Форд.

Друг аспект, МИ-ДА не сакаат да реагираат, зошто во тој случај си признаваат дека е недостаток, кој пак повлекува сите возила кои имаат корозија и ќе го пријават тоа(без разлика дали се купени од кај нив или странство) да мораат да им отстранат тој недостаток. Тоа за нив, е губење пари, време и „лош“ муабет за Форд.

Знам дека работава е многу нерви, време и пари, меѓутоа тоа е недостаток на овој неразвиен систем кај нас, наместо системот да не штити, ние сами треба да ги правиме овие работи. Уште поглупаво е што дискутираме дали било коризија, рѓа, оксидација кога едноставно е, сликата си кажува се, другиот метал нема ништо, таа шипка има. Таа боја сигурно не означува дека шипката се позлатила. Јасно си пишува во прирачникот дека Форд гарантира за ова 12 години, без никакви условувања. Во функционален праведен систем, муабетов ќе беше за колку време се средил проблемот и како се средил, а не дали ќе се среди.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Ако ја тераш работата под гаранција, и со мида до крај, не ја пипкај шипката со ништо ни под разно. Нити премази, нити вд-а, нити вода. Ништо не дирај. Да не испадне (а одма се спремни на таков чекор) да кажат „Ааа дечко, тоа ти е од wd-то“.
Тоа е стандардно. Еве сега баш на едно место кое нема да го именувам дискусијата одеше вака, за да се накалеми на друг работата.

1. А на старо ти е купена колава?
- Не.
2. А удирана е?
- Не.
3. Ама и некој друг ја вози освен тебе?
- Не.

Знаев дека ако на било кое од прашањата кажеш „Да“. Готово. „Го најдоа“ проблемот.


Да може маци да добие документ со кој овластениот сервис МИ-ДА  тврди дека тоа не е причина за гаранција или дека немаат намера тоа да го средат, тогаш со нивниот допис, преведен кај судски преведувач заедно со слики и други документи, би пишал кај регионалниот застапник на Форд па да видиме.

Искрено, како идеја, собир од 50 коли и штрајк пред седиштето на МИ-ДА (нормално прво ќе го најавевме штрајкот кај МВР, и кој може во работен ден) ќе викневме новинарски екипи, па тогаш не само во МКД, него на целиот Балкан ќе беше топ вест. И многу ме интересира, колкави пенали ќе плаќа МИ-ДА кај Форд.

Друг аспект, МИ-ДА не сакаат да реагираат, зошто во тој случај си признаваат дека е недостаток, кој пак повлекува сите возила кои имаат корозија и ќе го пријават тоа(без разлика дали се купени од кај нив или странство) да мораат да им отстранат тој недостаток. Тоа за нив, е губење пари, време и „лош“ муабет за Форд.

Знам дека работава е многу нерви, време и пари, меѓутоа тоа е недостаток на овој неразвиен систем кај нас, наместо системот да не штити, ние сами треба да ги правиме овие работи. Уште поглупаво е што дискутираме дали било коризија, рѓа, оксидација кога едноставно е, сликата си кажува се, другиот метал нема ништо, таа шипка има. Таа боја сигурно не означува дека шипката се позлатила. Јасно си пишува во прирачникот дека Форд гарантира за ова 12 години, без никакви условувања. Во функционален праведен систем, муабетов ќе беше за колку време се средил проблемот и како се средил, а не дали ќе се среди.
Wait what!?

Абе ајде...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Да не планираш контра-протест?

;D ;D ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Потполно се сложувам со:
Бугар
Сале Ск
Симо.

Штрајкот добра идеја.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Ај вака малце доцна ќе се уклучам во темата (јас исчитав скоро цела, во глобала видов за што се работи).
Според мене делот што е зарѓан ќе си остане таков и нема да се смени до крајот на векот на возилото, не е нешто многу страшно. Ова е чист пример на тоа дека фабрикиве доаѓаат до момент дај да заштедиме колку што можеме повеќе (пример само давам вакви делови кај стари возила не се оставаат голи туку се префарбани колку што сум имам јас шанса да видам, плус кај мене на голф 1 така е).
Маци од мене со среќа да си истереш и да си добиеш (барем да ја средат цевката, да биде заштитена да не кородира плус нервира кога знаеш дека си зел нова кола и внатре има делови кои се рѓосани).
А тоа немој вадење на маска се глупости големи, како ќе си ја извадат така ќе си ја вратат. Само малце дади им на знаење дека ако нешто крцка ќе им се качиш на глава. Ако се добро се врати на место и не се скрши при вадење неможе да крцка после тоа.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
 Ако ја објавиш сликата на фб пушти го линкот тука да бидеме во тек, да добиеш подршка додека не ја тргнале.